Почитувани, Дубаи Портал, како дел од активноста која во изминативе денови започна на територијата на нашава држава, а се однесува на мигрантите ги транзитираат кон европските детсинации за подобар живот, притоа соочувајќи се со голем број на тешкотии, а за што добро сте иннормирани преку разните медиуми, за нивната моментална состојба, Дубаи Портал, апелира до сите жители на населба Подгорци, како и другите населби ( доколку немаат организирано пунктови за собирање на хуманитарната помош во нивните населби ) истото можат да го направат во населба Подгорци во просториите на Подгоречкиот Мектеб (мејтеп) кој се наоѓа веднаш до џамијата на ова населба.
Акцијата ќе трае се додека во нашава држава не биде донесен законот со кој ќе се овозможува слободно движње (транзитирање) на миграните и нивно слободно набавување на сите потребни продукти.

Поради не постоењето на соодветниот закон, мигрантите се принудени да се кријат и влегуваат во разни опасности, пред се движејќи се по пругите на македонската железница и други опасни делови.
Како што се наведува во апелот за солидарност, најпотребни донации се полесните продукти кои мигрантите можат да ги понесат со себе : кроасни, паштети, енергетски колачиња, вода од 1,5 литри, чевли, чорапи и слично што може да му помогне,а исто така може и парични средства со кои подоцна ќе се купи потребнените продукти. ( Облеката) не се препорачува да биде доставувана како хуманитарна донација.
Мигрантите кои транзитираат низ Македонија доаѓаат од државите како : Сирија, Пакистан, Сомалија,Авганиста. Тие со бродови пристигнуваат до Грција, па преку Македонија и Србија до Западна Европа. Македонија е една од црните точки при нивниот пат каде заради актулените закони имаат илегален статус.
Се надеваме дека ќе излезете во пресрет во рамките на вашите можности и помогнеме на оние на кои им помошта сега му е најпотребна и на тој начин со таа добрина заработиме и награда кај Возвишениот Господар.
Дубаи-Портал.










