Советот на Месна Самоуправа Подгорци ве известува дека денеска 03.06.2015 год (Среда) започна со работа на активност околу спроведување на проектот предвиден според план програмата за 2015 година проект финансиран од страна на ЕВН Македонија подрачна едница – СТРУГА.
Станува збор за е проект од инсфраструктурата што беше најавен некаде во претходните постови, а се однесува за КАБЛИРАЊЕ на дел од населбата кој ќе го видите низ прилозите на крајот на постот.
Имено поточно се работи за каблирање на надземниот 10 KV DV кој поминува низ центарот и школото и истиот е во вредност од околу 35.000 евра, а се состои од обележување на трасата, комбиниран машински или рачен ископ, поставување на кабелот и враќање на патот во првобитната ситуација.
Сите наши жители кои што гравитираат со нивните домови околу трасата за работа можат доколку сакаат од улицата до нивната куќа да си направат ископ и да го спроведат по подземен систем со тоа што плаќаат околу 50 до 60 евра работна рака и кабел за метар должен по 82 денари.
Инаку колку за постетување покрај оваа активност Месната Самоуправа – Подгорци денес активно преку своите вработени учествуваше и во акцијата околу расчистување на локалниот пат кон и надвор од населба Подгорци, која се спроведува во рамките на Општина Струга за Дубаи Портал ни изјави г-дин. Мирсад Реџоски претседател на Месна Самоуправа – Подгорци

Месна Самоуправа – Подгорци претс. Мирсад Реџоски











