Денес во попладневните часови, благодарение на здружението ЗОК “Амбиција “ – Подгорци, како покровител на организираниот настан, Подгорчани накратко се запознаа и беа посетени од страна на др.Хфз. Алмир Праменковиќ од Нови Пазар – Санџак. ( поранешен декан на Факултетот за Исламски Студии), според планираниот протокол на ова здружение покрај средбата со подгорчани, г-динот Праменковиќ, вечерва ќе одржи и свое предавање-излагање во невладината организација Хајат-Лабуништа.
Г-динот Праменковиќ заедно во Подгорци допатува во придружба со познатиот проф.Џеват Хот и Адмир Фазлагиќ -новинар и дописник на Ал Џезира.
Тој накратко во просториите на (мини) ранчот на Шабан Адемоски и неговиот простор за одмарање и рекреација, се запозна со присутните граѓани на ова населба кои му искажаа топло добредојде, меѓу кои: претставници на невладини организации ( ЗОК Амбиција, ТКНЦ Румелија и Здружението за Екологија Тишкинец), претставници на Месна Самоуправа – Подгорци, претставници на интернет информативен медиум (Дубаи Портал ), како и други лица од сверата на образованието и културата, како и претставници од околните села.
Г-динот Праменковиќ после кратката вечера, накратко поразговара со присутните граѓани и запозна со оваа населба и животот во неа.
Исто така тој накратко прошета низ ранчот на г-динот Адемоски дружејќи се со неговата ергела (коњи) кои претставуваат атракција, а исто така неизоставен дел беше и рибникот од каде беа уловени риби за свежо подготвување на печена риба.
Пред неговото заминување беше клањан акшам намаз и после неговото завршување се поздрави со граѓаните на Подгорци, притоа искажувајќи ја неговата благодарност од укажаното топло добредојде, и како што на крај истакна: иншала во некоја друга пригода ќе одвои повеќе време за да се запознае со овој народ и неговата култура, а исто така запознае и со атрактивните места на оваа населба.
А, ние почитувани посетители на Дубаи Портал, Ви претставуваме дел од забележаните фотографии од посетата на овој еминентен и познат хафиз и неговите соработници.












