Еве веќе, од пред неколку денови, денес речиси и завршија активностите околу засадуваењето на земјоделска култура – претежно пченка, грав, и компир.

Од почетокот, со орањето, влечењето, изработката на редови, засадување и прскање на засадената површина против појава на други растенија, подгорчани и официјално завршија со сеидбата предвидена за ова година.

Сега ни преостанува, наскоро да се започне со водоснабдување, и иншала Господ да ни даде бериќет на сите оние кои ова година решија на било каков начин да ја обработаат земјата која господ ни ја дал. – ни вели нашиот соговорник кој го затекнавме додека ја засадуваше својата нива.

Од Водната заедница г-нот Насер Реџоски , не извести дека во тек се подготовките за објавување на оглас за хонорарно ангажирање на лице кое ќе ја извршува дејноста вододелител за ова годишна сезона.
Истиот ќе биде објавен на повеќе места низ населба Подгорци, и на него ќе можат да се пријата сите психофизички способни лица, кои истовремено ќе треба и добро да го познаваат подгоречкото поле, накратко ни изјави раководителот на Водната Заедница -Подгорци, г-дин Насер Реџоски.








