Имајќи ја во предвид борбата за целосното откривање на Вистината за Македонија, и она што му се случува на народот во Македонија, како и начинот на кој таа треба да допре до сите оние кои треба да го знаат тоа, и да ја отценат Вистината од Невистината, односно да се дознае во каква состојба моментално се наоѓа оваа наша држава, денес во Подгорци, представници на Општинскиот огранок на Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија, преку новиот 4-ти број на Вистината за Македонија, уште еднаш и покрај медиумскиот мрак кој се наметнува во оваа наша држава и сокрива вистинската реалност за тешката состојба, успеа да допрат до жителите и на ова населба, и укажат на моменталната состојба, онаква каква што е, а всушност не треба да биде таква.

Со оваа активност ќе продолжиме се додека не се разоткрие целосната вистина, ова е само еден од начините преку кои сакаме да допреме до сите граѓани на Македонија, и во ниту еден случај нема да прекинеме се додека не ова наша заедничка држава не се ослободи од прангите на оваа ненародна власт.
Заради тоа, ги повикувам сите свени граѓани и оние врз кои се врши притисок, свесно да размислат и да ни се придружат во оваа наша заедничка борба, борба за целосно ослободување на нашата татковина, и ослободување на товарот кој секојдневно ни се наметнува, и со тоа остават последици за сите нас како и оние идни генерации.

Вистината треба да допре насекаде. Денес бевме во Подгорци. Разговараме за маките на граѓаните што се поотворено ги споделуваат со нас. Во Подгорци се чувствува енергијата што ги обединува сите без разлика на етничката и верската припадност. Таа енергија ја канализираме во движење за враќање на слободата. Заедно со сите граѓани испишуваме нова страница од историјата на Македонија. – ни изјави претседателот на ОК – СДСМ Струга, Даме Ложанкоски.


Dubai-Portal/SDSM-Struga
