(Фото) Подгорци: Започнаа подготовките за овогодинешнава сеидба.

0
205

И, официјално од пред неколку денови започнаа подготовките околу претстојната овогодинешна сеидба. Овде во првиот дел од подготовките се подразбира засипување (растурање) на гној, како што велат подгорчани, орање и влечење, па после тоа следно е засадување на семе за пченка и друга земјоделска култура.

Она што денес екипата на Дубаи Портал, можеше да го забележи низ подгоречкото поле, беше големата раздвиженост на луѓето кои имаат ова година намера да засадат пченка, како претежна земјоделска култура на Подгорчани, а се разбира и присуството на секогашните актери во оваа дејност, а тоа се нашите трактористи.

Ова за нив е сезона кога се работи во полн и непрекинат тек, уште од почетокот на транспортирање на гној на површините каде ке се засадува, па подоа со орање и на крај влечење и изработка на редови (редици) каде ке се поставува семето.

Ова е период кога треба да сме подготвени, се разбира да им излеземе во пресрет на нашите граѓани. Засега нема никаков проблем, имаме доста работа, и ја извршуваме врз основа потребите и барањата на нашите подгорчани и се разбира успешно.

Минатата година оваа земјоделска активност ја завршивме без и било каков проблем, а се надеваме дека и оваа година ќе биде така.

Во Подгорци, не повеќе трактористи и за сите има доста работа, и се разбира секога меѓу нас постои соработка и кординација во ова работа.- ни обајсни нашиот пријател тракторист, кој го затекнавме на своето работно место.

Според  раководителот на Месната Самоуправа Подгорци, г-дин Насер Реџоски, оваа сезона започна и официјално пред три-четири дена, се надеваме дека нема да имаме проблем, а во однос на површините кои моментално се предвидени да се засадат, засега немаме официјални резултати, таквите информации ќе ги добиеме после пријавување на лицата коии имаа намера да засадат површина, и тоа обично се врши во период некаде од 20 дена пред почетокот на наводнувањето.

Меѓутоа како и да е, како и секоја година Подгорчани засадуваат приближно околу 170 рала (плус-минус) – ни изјави г-динот Насер, и не информира дека врз основва времето на отпочнување на секоја активност поврзана со ова дејнос на подгорчани дополнително ќе не извести.

А, нас почитувани, ни преостанува да Ви презентираме неколку фотографии кои денес успеавме да ги забележиме во ова наше пролетно и убаво подгоречко поле.

    

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here