Ваши Реакции: “Кога безбедноста станува небезбедност“

0
194

Она што моментално се случува со нашиве патишта во населба Подгорци, а со сигурност дека истото се случува и во другите населени места, Лабуништа, Боровец и Октиси, никако некој да преземе одговорност за таквата состојба.

Без разлика на тоа за што станува збор, односно дали причина за таквата состојба биле граѓани, претпријатија и др, континурирано се продолжува со оштетување на патната инфраструктура, и сето тоа оди на штета на сите нас, се разбира посебно на оние кои секојдневно вршат комуникација по истите, со своето патничко возило, а знаеме колку и на каков начин се врши санирањето, односно нејзиното враќање во првобита полжба, барем приближно.

Доколку човек се врати наназад извесен период, и ги има во предвид причините за ваквите “не намерни“ оштетувања на патот, јасно ќе ни стане нека совеста кај нас очигледно затаила. (Овде се мисли на оние кои трезвено и нормално разбираат што се случува)

Причина за ваквото наше информирање овој пат е реакцијата на група на граѓани на населба Подгорци, кои неколку месеци наназад, па и речиси можеби година и повеќе, се соочени со два навистина сериозни проблеми од патот на населба Подгорци кој води кон и од Струга кон Подгорци.

Од самите фотографии, Подгорчани сигурно ги препознаваат местата, за кои сметаат дека им се нанесува штета, па дури и некогаш во прашање се доведува нивната безбедност, како и оштетувањето на нивните возила.

Имено, пред извесен период наназад, Месната Самоуправа – Подгорци излезе со еден проект, според кој требаше да се постават “лежечки полицајаци“ кои како еден вид препрека би  ги принудиле возачите да ја прилагодат својата брзина на движење, бидејќи години наназад  е констатирано дека во овој дел од населбата, при влегување и излегување  се вози со неприлагодена брзина, и со тоа доведува во опасност комуникацијата (движењето) на околните жители кои гравитираат во тој дел, а се разбира и сите други жители кои имаат потреба од негово користење.

Ваквиот чекор на Месната Самоуправа на почетокот беше за поздравување и во ред… Меѓутоа што се случува понатаму..??

Заради несовесноста на нашите возачи  на иницијатива на Месната Самоуправа, беа изработени два такви “лежечки полицајаци“, со кои се мислеше дека ете се завршила работа, односно решил еден проблем.

Дали тие биле изработени според сообраќјните правила и прописи, тоа е друга работа.

Меѓутоа она што е нај интересно е тоа што, после извесен период истите беа одстранети, и на местата каде што беа поставени “лежечките полицајци“ се појави отвори со различна длабочина во целата ширина на патот.

На првата фотографија (сл.1)  првиот проблематичен дел гледано од Подгорци кон Струга, има различна длабочина, односно е извршено засекување на асфалтната површина, и често пати преку преминување на истиот, доаѓа до незгодни потреси, а се разбира потреси според одредени авто механичари, можат да предизвикаат оштетувања, како на пневматиците, така и на останатите пропратни елементи од подвозјето на автомобилите ( амортизери, јабучици и др..)

Сл.1

Ваквата состојба на овој дел е оставена и веќе трае извесен период.

Вториот засега проблем, (сл.2) е оној кој се наоѓа во непосредна близина на Ординацијата на Др. Есат Идризоски. Овде станува збор за проблем кој може да предизввика и поголеми последици. Имено често пати е забележано и сугерирано од група на граѓани дека има преминување од една страна на друга заради избегнување на делумно изработениот, или предходно оставен “лежеки полицаец“ кој го има само на половина пат, односно на половина од неговата широчина, бидејќи другиот дел е одстранет, односно половината, каде подлогата е исполнета со површината на афалтот.

Сл.2

Ваквата состојба може да биде уште по страшна доколку се има во предвид брзото возење и преминувањето на левата страна, и притоа не прегледноста, од доаѓање на автомобил од спротивна насока односно кон населба Подгорци.

Според мислењето на граѓаните логично е првиот проблем да се реши на два начини, и тоа: или да се постави нов лежечки полицаец, или слична друга соодветна препрека, или пак истиот да биде зарамнет со површината на патот. Друго чаре нема бидејќи во спротивност настанува штета на патничките возила, можеби не наеднаш, ама после извесен период тоа ќе ги покаже своите резултати.

За вториот проблематичен дел, се препорачува, да се доизработи(постави) лежечки полицаец  до целата широчина на патот, и со тоа избегнат преминувањата од другата страна , или пак да се одстрани и оној постоечкиот и намали опасноста од преминување на спротивната страна, а за брзината на управување со автомобилите, тогаш нека остане на совеста на нашите граѓани.

Како и да е , бидејќи Месната Самоуправа Подгорци, беше иницијатор за ваквата активност, и за која постоеа релевантни позитивни причини за истата, а кои подоцна, како и денес предизвкуваат контра ефект ( наместо безбедност – небезбедност), се надеваме дека ќе излезе со свое видување за овој проблем, кој може да стане уште поголем особено во периодот на летото, кога се има предвид зголемена фреквенција на автомобили, пред се имајќи го во предвид доаѓањето на нашите печалбари. (Се изјаснија одредени подгорчани во врска со овој проблем, во разговор со админот на Дубаи Портал)

А, за состојбата на патиштата во населбата, иншала во некоја друга пригода.

Дубаи-Портал/група на граѓани

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here