Почитувани, еве веќе неколку месеци наназад посочувавме на проблемите кои ги притискаат населбите Лабуништа, Подгорци, Октиси и Боровец.
Пред да преминеме на она што моментално се случув во изминативе два дена наназад, за да се надоврземе на она што представува тежина на оваа наша информација (пост) ќе Ви ги презентираме линковите, каде преку нашите натписи сме се обидувале да укажеме на проблемите кои можат да настанат и да се појават и се разбира на штета на сите нас.

Избери линк:
Загадување на локален пат кон населба Лабуништа.

Избери линк:
Санирање на локален пат кон населба Лабуништа
Е, сега да преминеме на главното.
Од вчера локалниот пат кој води кон населбите Лабуништа – Боровец и Јабланица, во делот на месноста позната како Комунал Сервис, можеше да се забележи било од ваша десна или лева страна, односно дали одите кон и од Струга, јасно забележавте како овој пат веќе неколку месеци наназад, започнува да изгледа како мала мини депонија за секаков вид на отпаден материја, тргнувајќи од самиот влез односно исклучување од регионалниот пат кој води кон Дебар, на само 50-тина метра имате мала депонија, која од вчера се прошири и малку во другиот дел по линијата на овој пат.

Имено, материјалот кој (делови на асфалтна подлога) се одстранува од населбата Велешта, каде наскоро треба да се стави нова подлога, се транспортира и истовара на ова место кое што води кон горе наведените населби.
Според изјавата на претседателот на Месната Самоуправа Лабуништа, со кого денес воспоставивме контакт, ни изјави дека за тоа биле запознати денес во утринските часови.
Моментално никој не не праша претходно дали да се истовари или не, ниту пак некој ни даде некакво обасјнување. Во теков на денов ќе се обидеме да стапиме во контакт со лицата кои го истоварија овој материјал без и претходно да не известат.

Инаку ние пред неколку недели побаравме да ни се достави тампон за затрпување на околниот-бклизок канал. Е сега доколку сметаат дека со ова нешто ќе се направи, односно замени тампонот со овој отпаден материјал, мислам дека тоа не е во ред, и воопшто не се согласуваме со ваквата постапка, се разбира дека ќе побараме и одговорност за ваквата активност од сите надлежни органи за да се реши овој проблем – ни беше одговорено накратко од претседателот на Месната Самоуправа Лабуништа.
А, нас почитувани ни преостанува уште еднаш да укажеме на тоа дека драги Лабуништани, Подгорчани, Октишани и Боровчани….. Никој не може да Ви ги решава вашите проблеми, односно сами треба да се потрудите да си ги решите онака како што треба.
Зошто секогаш да ни ја затвараат и да насочуваат на погрешна врата, зошто да тропаме да ни отварат.. размислете уште еднаш ?

Зошто кога ние го имаме КЛУЧОТ и заеднички и ние еднаш да ја затвориме вратата на проблемите кои ни се наметнуваат.
Очигледно е дека нашите КЛУЧЕВИ секогаш одат во погрешни раце, па секогаш кога се има интерес за подобрување на својот статус и финансиска состојба, едноставно тавките лица не мислејќи и дека пред Господ ќе одговараат, со едната рака ја отвараат вратата на проблемите, а со другата се држат за очи, ѓомити не гледам , “валахи“ не видов ништо..
Се разбира се додека вината ја гледаме кај другите а не кај нас, секогаш ќе ни се случуваат ваквите проблеми, и се разбира тие и тука нема да застанат, ќе продолжат се додека “некои“ други не сметаат само како гласачко тело, односно еден човек како едно гласачко ливче, и за подоцна да започнат да велат уште : “ Во Лабуништа имаме 5000 гласачи ливчиња, во Подгорци 1500, Боровец 800, Октиси 1800 итн.

Замислете заради нашата слабост, луѓето започнаа да не сметаат само како ливчиња, односно не претворија од луѓе во ливчиња.
Е сега дали може подолу од тоа , иншала да не даде господ, зашто лесно може да дојде време кога некои нема да не сматаат ниту за луѓе, односно од ливчиња да се претвориме во “ не важечки“.
И, на крај : ДРАГИ ЛАБУНИШТАНИ ова што сега се случува е резултат на Вашата работа и вистинско размислување, се додека мислете и размислувате на овој начин, секогаш ќе ни се случуваат вакви или онакви проблеми, заради тоа СРАМОТА е да се жалите кој што Ви направил, бидејќи Вие тоа го дозволивте.
Ова се однесува и важи и за ПОДГОРЧАНИТЕ, БОРОВЧАНИТЕ и ОКТИШАНИТЕ…
Едностано за нас важи онаа : “ Никој неможит да не јават, онолку колку што мојме да издржиме“, едноставно кажано везден се жалиме, дека некој нешто ни направил, дека некој не не сака или слично, и кога ќе имаме можност пак го правиме погрешното.
А, тоа е заради тоа што никој не ни прави ништо, туку ние самите си правиме, како и тоа дека и ние самите не се сакаме, и како да очекуваме другите да не сакаат ??
Дали така ни е пишано, или немаме доволно ум и разум, само еден господ знајт.
Dubai-Portal.com.mk
Фотографии: ДубаиПортал/Лабуништа.мк/фејсбук.










