Во рамките на проектот “Мултиетничка соработка во општините“, финансиран од УСАИД , денес (21.03.2015) учениците од третите оделенија при ООУ Мурат Лабуништи од Лабуништа, реализацијата на овој проект ја започнаа со посета на образовниот музеј во Ливада- Струшко и Изложбата на торбешки носии во Подгорци, предводени од своите наставници.
Имено шеесетина селектирани – одбрани ученици од трите одделенија со согласност со нивните родители, а заедно со своите наставници на албански и локален јазик, (торбешки дијалект) уште во Октомври месец 2014 година, започнаа интерактивни заеднички работилници, екскурзии и посети со цел да се зголеми толеранцијата и соработката меѓу двете етнички заедници во Лабуништа.
Настанатите притаени конфликти, одбивноста и отпорот за нормално комуницирање меѓу учениците, бариерите создавани во минатото неколку години наназад, како и меѓусебното нетрпение и омаловажување меѓу возрасните, фаворизирање на едни , маргинализирање на други етнички заедници екстремно се одрази во образовните резултати и во моралните вредности на довчерашната компактна задница .
За надминување на на ваквите ситуации, децата со помош на наставниците и културните родители успешно се ангажираа во зближување на чистите детски срца и повторно воспоставување на пријатен соработнички однос меѓу учениците.
На овие наменски посети учениците во овој проект го посетија музејот во Ливада, кој се карактеризира со голем број на изложени експонати, кои се наоѓаат во приватна сопственост на семејство кое има традиционални образвони достигнувања на полето на историјата каде почитувањето на минатото колекционерство се пренесува од татко на син како и на академско и на келекционерско ниво.
Музејот се состои од четири делови:
- -Во првиот дел беа изложени (предмети, алати, орудија, и помагала од минатото за секојдневна употреба).
- -Во вториот дел беа изложени (фотографии,документи,записници,списоци,значки,монети и банкноти од повеќе временски периоди и пошироки простори).
- -Во третиот дел беа изложени (народни музички инструменти, оружје, муниција,мечеви и бајонети).
- -Во четвртиот дел беа изложени различни материјали од текстил ( килими,носии,платна, церги и др)

Низ музејските простории учениците и останатите наставници, биле предводени од магистерот Шлирим Неби Дервиши.
Шлирим Дервиши, е син на професор Неби Дервиши редовен професор на универзитетот во Тетово, кој стручно и професионално ја собирал оваа колекција од различни експонати повеќе од 30 години.

После посетата на с.Ливада, учениците со своите наставници дојдоа во посета на Подгорци, каде во просториите на Културно Образовниот Центар “Евлад“ ја посетија из Изложбата на торбешка носија-облека.
Тука беа изложени пет носии карактеристични за локалното население за различни прилики. Во делот на посетата на ова изложба се истакна дека народните носии го сочинуваат националното обележје, посебноста и традицијата на една етничка заедница.
Една носија ја претставуваше невестинската свечена носија за свечен и прилики.

Друга носија ја претставуваше свечената празнична носија со локални традиционални изработки.

Третата носија беше секојдневна домашна облека,
И, на крај четвртата носија која ја претставуваше секојдневната облека на старите нани (мајки).
Исто така тука беше претставена и облеката за сунетлиите, посебно карактеристична за локалното торбешко население.
Бидејќи фолклорот е обележје на творештвото на еден народ кое се пренесува од постарите на помладите за да се зачува и да се сведочи за минатото.
Во текот на одржувањето на ова изложба, беа презентирани и локалните торбешки свадбени обичаи, како : невестинското страмење, бакнување на рака и дарување, и на крај свадбено бричење на зетот.
Двата обичаи беа проследени со локални обичајни женски и машки песми во кои децата максимално и расположено се вклучија со што ги демонстрираа неизмерните единствени роднокрајни обичаи кои сите ги сплотуваат и претставуваат како независен етникум со самостоен оригинален идентитет.
Оваа изложба на носии и торбешки локални обичаи, покажува дек “ Торбешката популација во Р.Македонија според своите етнички, религиски, јазични и културни карактеристики, заслужува посебност и рамноправен статус со останатите етникуми во Р.Македонија“, ( извадок од Торбешката декларација)
Координатор на проектот проф: Љунтурие Шемо, во соработка со тимот на наставници од 3-то одделение при ООУ Мурат Лабуништи- Лабуништа.
Текст: проф: Решат Арсланоски











