Еве, веќе денeс според наши извори приврши- заврши асфалтирањето на локалниот пат во делот Белица кон Октиси.

Се разбира ваквата активност на Општина Струга мора да се поздрави и тоа е во ред, односно од друга страна пак и обврска за која треба да се грижи, особено кога се однесува реконструкција на локалните патишта.
Значи проблем помалку за нашите Октишани, и +(плус) за Општина Струга.
Меѓутоа што со другите населени места ( Подгорци, Лабуништа ),. кои и тие имаат 20 годишен и кусур проблем како и овој што еве се реши во Октиси..??

Се разбира и Подгорци и Лабуништа, се дел од оваа наша Општина, и доколку постои некој си проект кој се однесува за реконструкција на нашиве патишта, тогаш несомнено треба тука да се и Лабуништа и Подгорци а се надеваме дека е така.
Доколку пак имало проект за реконструкција на локалните патишта, а во тој проект не се предвидени Подгорци и Лабуништа, тогаш повеќе не би сакале да коментираме, односно шпекулираме зошто е направено така, а се надевема дека не е.

Како и да е еве уште едно мало потестување на делови кога Дубаи Портал посочувал на овие проблеми:
- Санирање на оштетени делови на локален пат кон населба Лабуништа 02.15.2015 превземено од страна на жители на населба Лабуништа.

Репортажа на ДТВ која укажува на важноста – потребата од асфалтирање на локалните патишта во овие три населби. (Октомври-2014)
Значи како што рековме горе се надеваме дека во овие убави пролетни денови ќе можеме и ние да се радуваме на она што нашата Општина Струга ќе го направи за нас Лабуништани и Подгорчани, односно асфалтира и нашите патишта кои што години наназад остануваат само како простор за манипулирање на граѓаните, односно ветување за време на избори дека некој ќе го реши овој наш заеднички проблем.
Иншала, да се надеваме. А, до кога, само еден господ знајт.
Дубаи Портал.











