
Во рамките на предвидената план програма на ,,Здружението за Образование и Култура АМБИЦИЈА” , денес се започна со реализација на првиот дел од предвидениот проект, кој се однесува на поставување и сообраќајни знаци-известувања и сообраќајна сигнализација во и надвор од населба Подгорци, во заедничка соработка со Општина Струга.

Со овој (прв) дел од проектот предвидено беше поставување на знаци (известувања) на приоритетните места за кои сметавме дека треба да бидат во прв план.

Се разбира овде се имаше во предвид поставување на известувања околу делот каде што се наоѓа училиштето, односно дел каде што има големо раздвижување на деца, особено за време на одржување на наставата, кога бројот на ученици е најприсутен.
Како што напоменавме горе, ова претставува само дел од нашиот проект кој пополека го затвараме -реализирам со сите предвидени активности за целосно негово завршување.


Наскоро ќе зпочнеме и со реализација на вториот дел, за кој сега не сакаме да откриме за што станува збор, кој сепак ќе биде од интерес на жителите на оваа населба, се разбира како и другите идни активности на ова здружение.

Во оваа пригода би сакале да им се заблагодариме на сите оние кои што учествуваа, односно пројавиа желба за помагање во реализацијата на овој прв дел од овој наш проект, а се разбира ги очекуваме и останите оние кои ќе сакаат да допринесат со своето учество и во следните етапи-делови од овој наш проект со чии активности во наредниве месеци ќе ја завршиме и оваа активност предвидена со план програмата на “ЗОК АМБИЦИЈА“. – ни беше изјавено од оваа здружение.

И, На крај посебно би сакале да искажеме посебна Благодарност до Општина Струга за соработаката за овој проект, како и желбата на одреден начин да учествува во неговата реализација. .

Со почит, ,,ЗОК Амбиција”.
Дубаи-Портал.









