Санирање на локалниот пат кон Лабуништа и внатрешноста на населбата..

0
219

Имајќи ја во предвид, дотраеноста, особено оштетувањата на асфалтната подлога, додека на некои места и вградена бетонска подлога. денес во и надвор  населба Лабуништа беше започната акција со која се вршеја привремени санирањa на оштетени делови, ударни дупки во населбата и надвор од населбата односно патот кој води кон Струга и околните населби.

Велам привремено санирање, од причини што за кратко време како и секој пат  како што кажува нашето искуство, овие отвори( дупки) повторно ќе се појават и покажат дека веќе оваа населба како и другите наши населби Подгорци, Октиси и Боровец, треба еднаш за секогаш ваквото санирање да заврши, односно стави соодветна нова асфалтна подлога, која за еден извесен период (години), ќе не остави да заборавиме на оваа наша хаотична патна ифраструктура,

Ваквите патишта какви што моментално ги имаме и низ кои секојдневно се возиме, требаа веќе неколку години наназад да бидат асфалтирани, а не оставани на половина пат.

За жал, никој досега од надлежните Општински органи не најдоа за сходно да го решат овој проблем и покрај нивната задолженост да се грижи за патната ифраструктура, односно овие населби да се стават во некој си буџет и проекти и тогаш навистина да се каже дека навистина сме го решиле овој проблем, а се разбира да не ги изоставиме и сите политички партии кои маршираа по овие наши „слалом„ патишта, ветија и како и секогаш си заминаа, а нашите патишта ни останаа  какви што ги имаме денес.

Дали ќе дозволуваме и понатаму да очекуваме некој да не лаже, и да на ја исполнува својата законска должност, односно кон овие населби некој да се однесува како за некого мајка, а за некого маќеа, зависи од нас а не од нив.

Како и да е ова што денес започна да се работи во оваа населба покажа дека доколку сами не си го решиш проблемот, никој нема да ни го реши.

Едните како граѓанска иницијатива по локалниот пат, започнаа со расчистување на оштетените делови и подготовка на бетон за пополнување на ваквите делови, пред се тргнувајќи до делот на местото познато како Комунал Сервис па се до раскрсницата на регионалниот пат Струга -Дебар, а другите пак според информацијата која ни беше доставена, со расчистување на оштетените делови од Автобуската станица па се низ критичните делови во населбата со расчистување на таквите делови поставува бетонски плочки и на тој начин и едните и другите ја привршуваа привремената санација, а , до кога ќе потрае санираната состојба само еден господ знајт.

А ние само едно знеме дека тоа на Лабуништани, па дури и сите нас најмногу не болеше заради тоа што секојдневно минувавме покрај вие наши хаотични патишта, односно не ги болеше на оние кои треба да се погрижат за она за што сме ги гласале и поставиле на таквите функции,

Како и да е, акцијата секако е за поздравување, без разлика на тоа кој и да ја започнал прв , главно нешто се поправа,ама иншала ваквите поправки, како што рече еден наш стар аџија Лабуништанец :Еднаш за секогаш да престанет“,

Е дали ќе престанет ќе покаже времето,а се разбира не заборавајќи дека тоа зависи од нас а не од некој друг.

А, ова да ни биде како потестување дека сеуште овој проблем не е решен, па од тука кога некои ќе бараат нешто од нас. тогаш да се потсетиме и нјие на овој проблем, и ни енешто да побараме за возврат, а не секогаш да добиваме “игла и конец“ за да ги крпиме нашите работи.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here