Најпрво како инспирација за насловот на овој пост, ете така некако ми дојде од крајниот резулатат по завршувањето на овој наш протест, против самоволието и неспособноста на “нашиот“ снабдувач со електрична енергија, познатата ЕВН.

Се разбира, горе е потенцирано како самоволие и неспособноста, и тоа може да се поткрепува со многу факти. Луѓево ама токму ништо не инвестирале односно само крпат, а ваквите крпени работи секогаш на повидок ги вадат нивните валкани намери, односно да се ограбува народот и притоа ич да се нема исав во сетоа тоа.

Овде повеќе и воопшто не сакам да се осврнам на оваа (не) професионална компанија, бидејќи народот низ оваа наша цела држава го кажа своето мислење, а дали тие овоа незадоволство од народот ќе си го стават на уво, или под уво, останува да се види.

Ама нејсе, да се вратиме на она што вчера ни беше нај аткуелно “нашиот протест“ и да одиме по ред.

Веќе неколку недели-месеци наназад  познато ние како ја завршивме старата 2014  и влеговме во новата 2015 година, од темница во темнина, а како ќе ја завршиме оваа новата само господ знајт. Постојано ни се случуваат се исти работи, а ние никако да ги протресиме овие наши глави , односно ставиме во фаза на размислување и прекинеме постојано да очекуваме некој друг да ги решава нашите проблеми.

Онаа што вчера можеше да се забележи од самиот “протест“, уште еднаш ја докажува нашата не подготвеност да се соочиме со одговорноста и реалноста. Овде тргнувам од фактот на бројноста на присутните, се разбира за повеќето од кои што можеше да се наслушне потфрлија нашите од Лабуништа и Боровец, а тука некаде беа од Октиси и Подгорци. Ова испаѓа дека во нашите населби има и такви кои се “сложуваат“ со политиката на работење на ЕВН односно биле “ЗА“. Се разбира овде не требаше да бидат целите населби, ама барем да личеше на приближен протсет, мислев протест во вистинска смисла, а не мини протест.

Да, е трагедијата уште подголема, имаше и наши пријатели кој поминувајќи покрај патот, односно оние кои патуваа од Струга и кон Струга, ќе довикнеа од нивните автомобили или мину бусови, онаака по малку на зафрканција и заминуваа си го продолжуваа патот за каде што имале намера, а ние како “будали“ продолжувавме со нашата намера да го искажеме нашето незадоволство. (е ова навистина  и жалосно и смешно). Ете какви сме ние..!!??

Со олкава бројка ние  стигнавме  само до првите две букви од името протест “ПР.х.х.х.х.х“. а за останатите ич муабет да не прајме.

Како и секогаш испаѓа дека сме слаби на дела, а многу јаки на вилици, (зборување) па заради тоа нашиве заболекари имаат постојана работа со нас (менување,ставање,пломбирање и др….), камо да имаше и такви кои ќе можеа да променат и во нашите глави,,ама велат дека немало туку требало самите ние да си ставиме.

А, бре браќа, џеназе да беше ова ќе имаше повеќе луѓе, дофрли еден од моите пријатели кој беше на овој мини протест.

И на вистина, кога ќе се размисли испаѓа дека човекот е во право, а зошто е во право, ајде барем малку да размислиме доколку сеуште нешто останало во она што го носиме на нашите рамења.

Се разбира и тие кои го организираа овој протест, се обидоа да направат нешто, што е во нивна моќ, ама за жал со вакви како нас изгледа тоа не може да се направи како што треба.

Е, сега кој ја примил нашата си делегација кај нашата си ЕВН, ссеуште на некои не им беше јасно, само се прочита краткото известување и најважното дека нашето барање го поднеле кај а некоја “архиварка“, така гордо ни изјавија, па претпоставувам дека и можеби разговарале само со неа.

Демек не сме достојни да стигнеме до оној главниот на ЕВН во Струга. Навистина жално, трагично и што уште не. Значи подолу неможе.

За ваквите наши работи што ни се случуваат и како се справуваме со нив  може да се пишува со денови. Се разбира барем нешто   да се научи нешто од тоа. Ама како по обичај ние не сакаме да прочитаме нешто, односно го избегнуваме пишуваното, а удираме лајкови по некакви си фотографии  и безвредни видеа, изјави или што уште не. Камо да можевме да удриме и лајкови по овие наши тинтари (глави) па да не здоболит. Ама, и тоа не може, бидејќи ние сме толку јаки, што тука за нас важи правилото: “ Никој немојт да не јават,онолку  колку што мојме да издржиме“. Е,навистина многу сме јаки…..

Како и да е денес е веќе нов Господов ден, протестот ни помина … и ич никој не не удри од ремен.. и пак по старо.. Ќе си се жаламе и ставаме самари за да да на јаваат како сакаат .. ете ваква е оваа наша судбина.

И за крај,  едно кратко видео, од кое барем за момент  ќе се потсетуваме дека сме се обиделе нешто да направиме и да заклучиме дека овие нашите сограѓани кои не беа со нас едноставно  помеѓу “ЗА“ и “ПРОТИВ“ ЕВН, го  одбраа “ЗА“, па нека ни е на здравје.. со здравје да си го носиме, и барем малку да имаме доблест повеќе да не зборуваме за тоа, бидејќи онаму каде што требаше да се зборува, почитуван мој пријателе тебе те немаше…

Dubai-portal.com.mk

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here