Во обид  малку  да се одмориме од секојдневните работи кои ни се случуваат во оваа наша држава, како и надвор од неа. Решивме малку да се одмориме за момент и од сите оние работи кои не притискаат, нас овде, како и нашите најблиски кои се надвор од нашава средина, одлучивме да преку фотографија барем за малку се потсетиме на нашава населба во овие зимски денови.

Секако, за нас тука можеби многу и нема да значат, меѓутоа за сите оние наши роднини и пријатели, другари и браќа, кои се наоѓаат ширум целиот свет, одлучивме малку со овие фотографии накратко да ги постетиме на оваа наше заедничко огниште-родно место, и се разбира да барем преку нив го донесемо поблиску до сите вас, иако оваа година, за жал заради глупостите на некои (ЕВН), за кои не сакам да зборувам, ни беше ускратено времето да одблиску се сретнеме ,поразговараме и споделиме своите тешкотии-маки , па и радости.

Како и да е, се надевам дека -иншала во наредниот период кога ќе бидат покрај нас, ќе имаме повеќе време за разговор и зијарети(посети).

Дотогаш, за кратко преку фотографија барем за за малку да ги свртеме нашите мисли и постетиме, од каде сме тргнале, и каде треба да се вратиме и се разбира што сме оставиле и за момент да заборавиме за сите оние проблеми кои не опкружуваат како дел од нашето секојдневие

Се надевам дека сите оние кои што се тука во оваа наша населба, нема да ми се налутат, бидејќи овие фотографии би сакал  да им посветам на сите оние кои не се покрај нас, односно нашите печалбари, да им посакам здравје и како што велат во нашите поздрави и честитки “поскоро видување“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here