Во рамките на својата план програма за соработа со невладини организаци во и надвор од Р.Македонија, на покана на ЗОК Амбиција-Подгорци, во петокот 10.01.2015 во посета на Подгорци пристигна Хафизот Харис еф.Хаџиќ во придружба со претставници на Бошњачката Културна Заедница на Македонија, академик Џемил Бектовиќ, проф. Џеват Хот, проф.Јасмин Реџепи, и дописникот на Ал Џезира и МРТ г-дин Адмир Фазлагиќ.
Г-динот Хаџиќ во текот на својата посета, во просториите на Подгоречката џамија, се претстави пред присутните џематлии i одржа предавање (дерс) од делот на исламската верска област.
После завршување на предавањето (дерсот) во просториите на џамиската китабана, беше извршено примопредавање на донацијата која претставниците на БКЗ ја обезбедија, за потребите на оваа китабанa, се разбира пред се имајќи ја во предвид потребата од збогатување на истата со исламска литература, и со тоа стане уште по достапна на сите оние џематлии -жители на оваа населба кои имаат и сакаат да ги прошират своите видици во делот на исламаката наука и култура.
Покрај тоа од нивна страна беше напоменето дека донациите од ваков вид ќе продолжат и понатаму, во зависност од потребата и интерсите на граѓаните за проширување на својот интерес за исламската книга-литература.
Како знак на благодарност за сите активности од делот на соработката и нивниот инитерес за помагање,од страна на претседателот на ЗОК Амбиција г-дин Џелал Кариманоски им беше доделена благодарница како знак на благодарност за нивната соработка, а во името на Џамискиот Меџлис на Подгорци, присутните гости беа поздравени од страна на г-динот Решат Арсланоски .
После завvршената свеченост од примопредавањето на оваа донација, гостите се упатија во заедничка посета на населба Лабуништа, и на крај нивната посета со организаирана вечера да заврши во населба Подгорци, каде што уште еднаш беше укажана благодарност од нивиот интерес за посетата на населба Подгорци, како и продлабочување на нивниот интерес за меѓусебна соработка и помагање.










