Еве, веќе од синоќа Подгороци и околните населби го дочекаа првиот овогодишен снег.
Атмосферата како и секогаш, онаква како зимска, не заостанува. Белата снежна боја на покривката не заостанува, покривите бели, оџаците се подоминантни, патиштата лизгави, некаде повеќе некаде помалку замрзнато.

Помалите дечиња веќе од синоќа започнаа да се радуваат на снегот лизгајќи (влечејќи) се и правејќи лизгала, ама оние малку постарите внимаваат да не се лизнат, како што велат нашите овде. Можеби нема за снешко белич, ама иншала наскоро ќе паднит повеќе и ќе напрајме, – вели едно детенце, кое влечејќи се по нашиов пат по Имеровци, поцрвенато во обравчињата и рацете се радува на оваа природна благодет на зимата.
А, оние повозрасните, се насобрале во чајџилниците избегнувајќи го студот, разговарајќи за некакви настани и случки кои им се случиле во изминатиот период, или пак за нешто друго, разменувајчи мислења, притоа пиејќи, макијато, експресо, турско чајче и кафе или пак нешто друго..
Ама има и такви кои му пркосат на студот заради атар на цигарето, па бидејќи заради законите за непушење во затворени простории, излегуваат на чист воздух и заедно во друштво со цигарето во една рака и другата во џебот си го тераат својот раат.
Сепак, се на се добро е. Зима си е зима. Преубава атмосфера и преубава фотографија. На таа фотографија не има сите, го имаме веќе првиот снег, ги имаме дечињата кои се радуваат на него, ги имаме печалбарите, а се разбира и проблемите на постарите кои се плашат од мразот да не се лизнат иако тоа важи и за другите, а се разбира и оние кои ги снабдуваат продавниците со потребни намирници, се надеваат дека ќе нема голем студ, и дека оние кои треба да ги одржуваат патиштата, ама и совесните граѓани нема да дозволат патиштата да бидат проблем за нашата секојдневна комуникација. Ама, останува да се види. Сепка ова е само почеток на една зима. Е сега дали истата ќе биде лоша или не, останува да се види, т.е само Господ знае каква ќе биде.
А, ние во оваа пригода уште еднаш да ги поздравиме нашите печалбари, у како повеќе пати им посакаме пријатен престој со своите најблиски роднини и пријатели, и се разбира здравје и се поголем риск во 2015 година. 
Дубаи Портал.









