Ни замина уште еден Рамазан.. Добре дојде Рамазан Бајрам.

0
363

 

 

 

 

 

Еве ни замина уште еден Рамазан, преубав месец за сите муслимани.

Нека Аллах им ги укабули постените денови на сите оние кои постеа, а на оние пак коии не постеа, нека им прости и им даде разум иншала доколку дочекаат како да постат наредната година.

А, бе кај нас е многу убо, во Рамазан се шета до суфур, во селово има многу луѓе а и живот, ама штом заврши тогаш повторно се враќаме на почетокот.Некои постеа со ибадет-намаз а некои постеа ама и спиеа до 16 часот попладне. (Зарем вака се поминува месец Рамазан ???) (спомнува еден наш сограѓанин)

Ама како и да е добро е иншала да дочекаме и наредната година.

Аллах грев да не пишит, ама оваа година имаше и доста кои не постеа, па дури и не се плашеа тоа да го сокријат, туку го правеа јавно, страм да им е… Објаснува еден мој пријател.

А, жените во трчање некој приготвува татлија, некои бркаат да најда маја за ќаи а неко пак нешто друго.

Знајш ја завршив со тупање и сега ќе бера пари, и нигде немав проблем кажува годинешниот топанѓија Сефо.

Ама еве сега во пресрет ни доаѓа и Рамазан Бајрам, нека им е честит на сите припадници од исламска веросисповест, и иншала да дочекаме и наредната година.

Админ на Дубаи Портал.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here