Имајќи ја во предвид потребата од регулирање (поставување на сообраќајни знаци-патокази) иако ова не е должност на Месна Самоуправа – Подгорци, односно должност- работа на организации, и фирми во Македонија кои наплатуваат за одржување на патната инфраструктура, денес со средства на граѓаните на населба Подгорци, се разбира во координација со Месната Самоуправа, која како таква се гружи за одржување, изградба и планирање на инфраструктурни објекти, се започна новиот проект со кој е предвидено поставување на патна сигнализација од делот викан Орешки па се по должината на целиот пат кој води кон населба Подгорци.

Со овој проект, имаме за план означување на населбата како по должината на патот кој води кон Подгорци и обратно, така и во самата населба.
Во првиот дел предвидено е поставување на знаци со кои накратко ќе се известуба регулирање на брзината на движење на возилата, како и друг вид на сообраќајно информативни табли. Покрај тоа предвидено е и поставување на табла со фотогравски обележја од населба Подгорци, која ќе биде поставена во непосредна близина на “ Голими Камен“ и истатаќе биде осветлена и означена на повеќе јазици ( Македонски, Албански, Турски и Англиски јазик).
Во внатрешноста на населбата ќе се поставуваат патокази кои ќе ги означуваа имињата на деловите од населба Подгорци ( маала).
Се разбира имињата на информаивните патокази кои ќе бидат поставени во внатрешноста, претходно ќе бидат утврдени согласно идеите и предлозите на граѓаните на населба Подгорци.
Реализацијата на овој прокет ќе се одвива временски- периодично, пред се како во зависност од финансиските средства така и од временските услови кои би преовладувале во деловите на населба Подгорци, ни изјави г-дин Мирасд Реџоски, претседател на Месна Самоуправа Подгорци.

А, ние почитувани посетители и читатели на Дубаи Портал, Ви прикажуваме дел од забележаните активности на Месна Самоуправа Подгорци, односно почетокот на овој проект.

Дубаи Портал.










