Од настапот на Фуат Исакоски – Румелија ТКНЦ на Манифестацијата “ Македонија наш дом“

0
360

Не можејќи да го сокриеме задоволството од синоќешниот настап  (иако тоа планиравме да го направиме во наредниве неколку денови со прикажување на видео снимениот материјал, сепак се одлучивем да Ви презентираме преку фотографија и текст дел од ) настапот нашиот познат музички инерпретатор, пријател и роднина г-дин Фуат Исакоски,  кој синоќа во преполната сала на поранешниот Македонски Народен Театар, а сега (тетатар комедија), уште еднаш заедно со својот оркестар ги покажа своите квалитети пред присутните посетители на владини и невладини организации на АОПЗ како и  ОБСЕ, претставувајќи ја притоа преку РУМЕЛИЈА Торбешки Научен Центар , торбешката етничка заедница во Македонија.

Неговиот настап беше забележан со изведување на три народни (торбешки) песни од нашиве делови, преку кои ште еднаш пред сите присутни се потврди постоењето на Торбешите како етничка заедница, бидејќи истите на оваа Манифестација настапуваа како такви (Торбеши).

На крајот од завршувањето на оваа Манифестација, (Македонија наш дом) во името на организаторот АОПЗ – Агенција за Остварување на Правата на Етничките Заедници, додели свечени признанија  за учесниците на оваа годинешна манифестација се, разбира и за  нашиот претставник Фуат Исакоски.

Румелија -ТКНЦ  во името на сите оние кои се чувствуваат како припадници на оваа етничка заедница, им се заблагодарува на Фуат и неговиот орекстар за прекрасниот настап и изведба кои преку  нашата (торбешка) песна ја претставија Торбешката едничка задница во Македонија и потврдија нејзината постоеност.

А, ние почитувани читатели во наредни два дена, штом се заврши со уредување на видео сниманиот материјал, во рамките на ДТВ (Дубаи Интернет ТВ) ќе Ви го презентираме целокупниот настап, како и нашите разговори со учениците на оваа Манифестација.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here