Фуат Исакоски како представник на Румелија ТКНЦ ( Торбешката етничка заедница ) на Манифестацијата “ Македонија Наш дом“

0
291

Музичарот и познат интерпретатор Фуат Исакоски заедно со неговиот оркестар како представник на Румелија ТКНЦ – Торбешката етничка заедница, утре ќе настапи, односно ќе биде дел од културната манифестација „Македонија наш дом“, која ќе се одржи во Скопје (11.12.2014 год). Како што и претходно објавивме во наредните неколку денови, тој преку одредени песни од нашиов крај ( торбешки) ќе ја представи Торбешката етничка заедница. Инаку Румелија ТКНЦ на оваа Манифестација учествува по втор пат.

Покрај него од Општина Струга уште ке настапи и Културно Уметничкото Друштво „Клеопатра“.

Медиумски спонзор Про-Графика Дубаи ( Dubai Portal)

Манифестацијата е по повод празнувањето на 10-ти декември, Меѓународниот ден на човековите права и слободи. Оваа мултикултурна манифестација ја организира Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ.

Оваа година, на манифестацијата со својата културно-уметничка дејност ќе се претстават дванаесет заедници од Република Македонија преку разни културнo-уметнички друштва вокални ансамбли, литерати, актери, солисти и останати естрадни уметници.

Дубаи Портал.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here