ООУ,,Гоце Делчев,,-Подгорци е вистински пример за успешна соработка помеѓу училиштето и родителите.

Во интерес на зајакнување на врската ,,родител-ученик-наставник, со цел заедничка грижа и правилно воспитно насочување на учениците,вчера 04.12.2014 година во училиштето се организира отворен ден за родителите од учениците во прво одделение преку креативна работилница на тема,,Креираме заедно…,,во која беа изработени интересни креации и рачни изработки по избор на учениците, притоа со користење на материјали од секојдневниот живот.

Особено беше евидентен интересот, креативноста и мотивираноста како кај учениците така и кај мајките. Во работилницата беа изработени убави изработки кои се поврзани со целите во наставните програми по сите наставни предмети за прво одделение. Истите ќе бидат изложени во училиштето и претставени на научниот саем и новогодишната приредба кон крајот на месец Декември.

Работилницата ја организираа училишниот педагог Весна Чаторошпкоск и одделенските наставнички во прво одделение Ирена Попеска и Митра Наумоска  кои нескриено го изразија своето  задоволство од соработката со мајките и успешно реализираната работилница, притоа  особено силен впечаток оставија радосните лица на учениците.

Во рамки на училишната програма, педагогот најави дека ќе следат едукативни работилници за родителите

Ова представува само дел од планираната програма на оваа училиште со кој на некој начин сакаме да го зголемиме учеството и на родителит во образвониот развој на учениците, а се разбира и зајакне и соработака  на родителите со наставниците на оваа училиште.

Досега сме рализирале на голем број на вакви активности со кој се потикнува развојот на нашите ученици, а со тоа и од друга страна доближува секој ученик кон книгата, креативноста и останати атквности преку кои  се секој ученик се повеќе се доближува и вклопува во  образовниот процес на оваа училиште, ни изјави директорот на ова училиште г-дин Фадил Исламоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here