ООУ “Гоце Делчев-Подгорци“: За убавината на спортот и нашите спортски активности.

0
320

Врз основа предвидената план програма за развој на спортските активности на учениците од ООУ Гоце Делчев-Подгорци, со која се предвидени различни активности од областа на спортот и спортските вештини, денес во просториите на ова училиште беше доставена спортска опрема (дресови) која представува само дел, односно почеток од обезбедувањето на соодветна спортска опрема за потребите на ова училиште.

Опремата е спонзорирана од приватни претпријатија, љубители на спортот, и се разбира оние кои на некој начин сакаат да да допринесат во развојот на спортските активности на нашите деца-ученици, – напомена проф. по Физичко и Здравствено образование г-дин Аџо Ѓуроски, кој е воедно и носител на оваа план програма за развојот на спортските активности во ова училиште.

Би сакал да им се заблагодарам на спознорите кои изразија желба, како и секогаш да помогнат во оваа наша активност и допринесат во нејзиниот развој, и истовремено збогати нашата колекција на потребна спортска опрема, онака како што доликува да го представуваме оваа училиште и на останатите натпреварувања надвор од нашава населба.

Како и секогаш, покрај нашите редовни спонзори кои и овој пат ни излегоа во пресрет да ја реализираме оваа наша активност:

-Дооел ПОДГОРКА – Подгорци

-Дооел ИНФИНИТИ – Подгорци

-Доеел ЈАСЕН – Подгорци

-Дооел ПРО-ГРАФИКА ДУБАИ (dubai-portal.com.mk) – Подгорци

-Месна Самоуправа – Подгорци

ги повикувам и сите оние други претпријатија и физички лица  кои сакаат да помогнат во овие наши активности, односно помогнат во развојот на спортскиот дух на нашите деца (ученици), и со тоа овозможи развивањето и спознавањето на спортот како составен дел од животот како активност слободно да се обратат во ова наше улилиште и со своето помагање да бидат дел од оваа активност и помогнат во развојот на спортот а воедно бидат и дел од радоста на нашите идни спортисти – напомена г-динот Ѓуроски.

Нашево училиште изобилува со голем број на различни видови активности со кои се развиваат способностите на нашите ученици, а ако што забележавте и ова представува дел од зацртаните активности со кои ова училиште се представува и надвор од нашава населба, преку различни  видови на натпреварувања и и слични активности,-ни истакна г-дин Фадил Исламоски директор на оваа училиште, притоа уште еднаш и тој  ја изрази својата благодарност до сите оние спонзори, кои најдоа време, средства и желба да учествуваат во реализацијата на оваа наша активност.

Радоста на учениците беше неизмерна и неможеше да не се забележи.

А, ние почитувани во продолжение Ви прикажуваме дел од забележаните- регистрирани фотографии на нашите идни спортисти и љубители на овој спорт.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here