Лабуништа :Продолжува изградбата на новото спортско игралиште.. (Фото)

0
196
Агенцијата за млади и спорт продолжи да го реализира проектот за изградба на ново модерно игралиште во  Лабуништа.

Минатата недела вработени во градежната фирма „Илинден“  извршија асфалтирање на игралиштето а во текот на вчерашниот ден беше донесена и поставена металната заштитна ограда.

Игралиштето ќе биде опремено со спортски реквизити и опрема за фудбал, кошарка, ракомет и други спортови, но и ќе биде соодветно осветлено за да може да се спротува и во вечерните часови.

Повеќенаменското игралиште во Лабуништа ќе биде ставено на располагање на сите граѓани за спортување, рекреирање и за натпреварување. Ќе може да се користи деноноќно и да биде место за собирање и дружење на младите и постарите генерации.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here