Подгорци : Пренасочување на сообраќаjниот тек на движење во недела (пазар)

0
206

Имајќи ја во предвид безбедноста на граѓаните на населба Подгорци, како и обезбедување на нормален тек на активностите при набавка (купување ) на прехрамбени производи и друг вид ( овошје, зеленчук и др..) во текот на денот недела кога во населба Подгорци се оддржува пазар (пазарен ден), советот на месната самоуправа врз претходно горе наведеното и разгледано како потреба, донесе одлука според која, во текот на овој ден :

Се забранува користење на овој дел од патот ( поминување со моторни возила) по должината  низ кој се протега пазарот и пазарните активности.

Тоа значи дека во периодот од 08.00 часот до 12.00 часот, сите оние граѓани кои ќе имаат потреба да патуваат надвор од населба Подгорци и кон населба Подгорци, ќе можат да ги користа заобиколните делови за влез и излез во населбата, односно за влез во централните делови на населбата ќе се користи раскрсницата кон долнаа мала односно приклучокот од локалниот пат кон долна маала, во делот ка Механичарската работилница на Вебија Мемишоски, и за излез главната раскрсница која ги поврзува локалниот пат кој води по џамија и имероска-долна маала.

Ваквите места ќе бидат означени со соодветен информативен знак (патоказ) на местата каде што ќе бидат означени ваквите места за влез и излез во населба Подгорци, односно патот кој повремено ќе се користи за комуникација во населбата.

Исто така се молат сите оние граѓани кои поседуваат автомобили да не ги оставаат (паркираат) низ деловите каде што ќе поминуваат автомобилите со оваа привмерена мерка која ќе важи само во на недела во горе наведениот временски период.

 

Исто така ги молиме граѓаните доколку имаат поголем товар истиот да биде изнесуван со помали превозни средства (колички и др.. ) до местата каде што нема забрана за автомобили, каде би се товареле и транспортирала за потребите на граѓаните, а не да се навлегува во пазарниот простор ( со автомовил и друго моторно средство) и со тоа наруши нормалниот тек на одвивање на пазарниот процес.

Се надеваме дека ќе наидеме на Ваше разбирање.

Со Почит ! – Месна Самоуправа Подгорци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here