Почитувани, како што веќе во една од претходните емисии на ДТВ известивме за проблемот од загадување на локалниот пат Струга-Лабунита-Боровец, односно одлагање на различен вид на отпаден материјал, од страна на несовесни граѓан и од двете населби, а според жители на Боровец, одлагањето на раличниот вид на ѓубре се врши од страна на жители на Лабуништа, истиот тренд и понатами продолжува без и малку трунка на совест за тоа што се постигнува со ваквиот начин на ослободување на ѓубре, притоа не имајќи во предвид дека се нарушува изгледот на овој локален пат, односно неговата околина, како и можноста од појава на заразни болести кои се се покаратктеристични во летниот период.
Иста ваква мала депонија, малку по малку се надзира и на влезот кон населба Лабуништа, за која често пати доста е реагирано, меѓутоа состојбата од ден на ден се променува, односно или има или нема ѓубре, или пак се истоваруваат поголеми количини на смет., на делото од местото каде се врши приклучување од регионалниот пат Струга – Дебар за влез кон Лабуништа.
Ваква состојба на некултурно и нечовечко одлагање на смет, последниов период иако претходно имаше ваква појава, овој пат на интензитет има одлагање на различен отпаден материјла на само неколку метра од влезот, односно приклучувањето од локалниот пат ко општина Вевчани во движење кон населба Подгорци.
Станува збор за одлагање на различен отпаден материјал, и од различно потекло, оваа мини депонија која за жал засега се појави и во дел на подгоречкото поле представува по се единствено решение за ослободување од ѓубрето од страна на несеовесни граѓани.
Според информациите кои ни се доставени, тоа најчесто го прават транспортните комбиња кои доставуваат роба до продавниците во населба Подгорци, како и се поизразито е и во недела кога всушност се одржува и пазарот во населбата, така да она што останало и што е за фрлање некои се одлучиле тоа да го направат на ова место.
Меѓутоа во отпадниот материјал нашиот објектив забележа и отпаден материјал и од домаќинството.
Е, сега дали отпадниот материјал се одлага и од страна на нашите жители останува да се потврди, а сепак потврдено е дека поголемиот дел од отпадниот материјал се доставува од транспортните комбиња кои превезуваат роба како и од страна на пазарѓиите при заминување од населбата.
Дали досега имаат реагирано или не представници на Месната самоуправа Подгорци, не ние е потврдено, ама се надеваме дека тоа ќе го потврдат со известување, а ние уште еднаш да укажеме до нашите жители доколку забелажт одлагање на ѓубре од страна на било лице иили истоварување од страна на превозни сресдства, да ги известат надлежните во Месната Самоуправа – Подгорци, каде кон таквите лица ке бидат спроведени соодвентни заштини мерки согласно законот за заштита на животна средина, или пак да се обратат до редакцијата на Дубаи Портал, со потврдени информации и фотографија од местото за време на одалагање на ѓубрето.
Уште еднаш однапред им се заблагодаруваме насите совесните граѓани кои ќе помогнат во прекинување на ваквио начин на активност, а иншала несвоесните да стана совесни и разберат дека ваквиот начи на ослободување од отпаден материјал, не му одговара на никого, а посебно не на Подгорчани кои секојдневно се движат по овој пат.
Дубаи Портал.











