Почитувани.
Врз основа реакциите на група граѓани од населба Боровец и дел од населба Лабуништа, доставени до Дубаи Портал по повод континуираните загадувања кои се вршат на делот од локалниот пат кој води кон населба Боровец и дел кој поврзува со населба Лабуништа. Екипата на ДТВ денес присуствуваше на местото каде се врши неконтролирано и несовесно фрлање на различен отпаден материјал, од страна на граѓани од различните делови на овие населби.
Целта на екипата на ДТВ не се состоеше во откривање на виновникот за ваквата настаната ситуација, туку да укаже на моменталната состојба и негативните последици кои можат да настанат од ваквата активност.
И се разбира изнаоѓање на решение како и спречување на појава на ваков вид на депонии кои можат да предизвикаат и различни видови на болести и се разбира нарушувања на чистотата на околината.
Во прилог ви ја доставуваме кратката репортажа забележана од екипата на ДТВ од местото каде се врши самото загадување.
Притоа уште еднаш да напоменеме дека Дубаи Портал ( ДТВ ) ги поканува сите оние луѓе и организации кои имаа одредени проблеми од ваков или друг вид , за кој и сметаа дека се обесправене да се обратат до нашата редакција како би можеле во целост да ја запознаеме пошироката јавност. Притоа таквите лица секако можат да си го задржат правото на анонимност за јавноста, додека за редакцијата на ДТВ, таквите пријави мора да бидат идентификувани во целост.
Ви благодариме ! ДТВ-Дубаи Портал.











