Еве, заврши и оваа годинешна сезона на нашите свадби.
Ново за оваа година е тоа што оваа свадбена сезона наликуваше како фестивал (свадбен)… Имаше натпреварувања од сите страни ( расфрлување со пари како и вообичаено, пеачки на сите страни.. танчерки и што уште не…??!! Ама од нашите традиционални елементи никаде ништо. Или накратко воведуваме нечии туѓи обичаи, а нашите ги запоставуваме.
И, од тука и најголемите етнолози да дојдат, нема да можат да ја дефинираат нашата традиција – обичаи, носии и што уште не..??
Како и секоја година нашето Лабуништа со гинисов рекорд во свадби… 5-6-7-па дури и 9 свадби во текот на денот. Па каде го има бре ова ?? И, потоа имало криза.. Каква криза.? Ние не познаваме такво нешто. Само си го тераме ќејфот и ич си немаме гајле.
Некому му се погодил гурбетот, некому не, па се позајмил и сега на крајот како да се вратат парите.. Ама иншала ќе се погодит во наредниве месеци, па ќе ги вратиме парите.. Свадба мора да има па што ќе бидит нека бидит..!!??
А, жениве по старо, си ја теараат секоја година, односно ја пратат модата и модниот тренд.. нови фустани, злато на сите страни, нови песми.. и што уште не. Човек просто да се изначуди и замисли што се ни се случува.. Ама нејсе, и ова помина, и сега ќе следувва трезнење од овој наш свадбен фестивал.
На овој наш свадбен фестивал имаше толку пријавени свадби, што верувале или не, се појави недостаток на музички групи, така да заради тоа можеа да се забележат групи од сите страни, без разлика на квалитетот и музиката….само да се свири без разлика што и да е.. Албанско..Торбешко..Македонско..Турско..Ромско.. и што уште не..?? Само да се свири и што поќе да се слушат…
Се изнапукаа и тие на сите страни, за да се покажат кој колку знае и умее
Се разбира оваа повлече и недостаток на камермани.. Се забележуваа секој некој со камера во раце пробивајќи се низ толпата од сватови и средината на орото.. Некои пак беа толку лакоми што дури објавуваа огласи за избор на камермани притоа не имајќи во предвид кој и како снима и дали има познавање и искуство… А замислете, тоа останува како спомен. Па сега некои си дозволиле па дури и да се играат и со спомените на оние кои им ја дале довербата… Ама, како што реков и горе.. нејсе после свадбата ќе се види кој и како си ја завршил работата и колку газдата ќе биде задоволен односно дали снимал од земја, воздухили од море..
А, за храната и тертипите околу неа и тука миже да се каже некој збор.. Неко оние поимуќните или на кои им се погодил гурбетот, ги ангажираа рестораните од кичево (Чаче и Ресторан Центар), ова се однесува за нашите Октишани.., се разбира ги имаше и во другите населби, ама помалку застапени за разлика од кај нашиве Октишани.
Во Подгорци и Лабуништа ги имавме нашите мајстори за храна од соседно Лабуништа, некои пак се нафатија на старата традиција на подготвување на храна од казани.. Е овде барем немаше нешто ново, повторно го имавме стариот грав, малку супа, месо.. и алва.
А, за другарите и некои гости во доцните часови познатите “ бутки“
Се разбира да не заборавиме и на еден свечен, за жал една новотарија во последниве неколку години наназад, кој воопшто не е во склоп со нашата традиција, односно карактеристична за некои си друви националности и вери, а тоа е свеченото сечење на торта и пиење на божем шампањско…..
Она што најмногу ме бендиса е тоа што на една свадба моминска вечер во Струга го сретнавме еден стар обичај, а тоа беше поставување на к`на на невеста. Навистина еден обичај кој кај нас е тргнат и заменет со некоја нова новотарија.
Во разговор со газдата на оваа свадба, ми беше кажано дека овој обичај во Струга се оддржува и е задржан со децении и истиот и понатаму продолжува како таков.
Ова ми испаѓа како ние од селата да се модернизираме со нови обичаи , а оние во градот остануваат на старото, демек “немодерното.“
За оваа наша Свадбена традиција (фестивал) има доста да се пишува.. како и за победникот од изборот за најдобра свадбена изведба..
Како и да е на крај би сакале на сите оние кои стапија во брак, да им посакаме се најдобро во иднина, како и на оние идните кои веќе си закажале датум за наредната година.. А, на тие кои што треба да ја платат својата свадбене изведба, многу здравје и сабур.
А, ние како редакција на Дуба Портал, да им се заблагодариме на сите оние кои ни ја дадоа својата доверба да ги овековечиме нивните спомени, онака како што доликува, и притоа да им посакаме се најдобро во иднина, и иншала да се сретнеме и наредната година.
А, на сите музичари и вистински камермани да им посакаме се најдобро, се разбира и нив… како учесници на овој наш годинешен фествал.. кои покажаа што знаат и умеат.
И, за крај еве еден наш избор на изведба на две прекрасни песни во изведба на нашиот Фуат Исакоски и неговиот оркестар.
Уживајте !!
Дубаи Портал.











