Како и секоја година, така и оваа во рамките на организацијата на Џамискиот Меџлис при џамија Подгорци се оддржа традиционалното проучување на ХАТМА – 2014 од страна на ученици кои поаѓале на оваа верска настава, предводена-спроведена  од страна на имамите еф.Џеваир Сефоски и еф. Назмија Мавмудоски.

“Секоја година на 16-от ден од мубарек месец Рамазан се организира проучување на Хатма од страна на нашите талебиња кои ивесен период ја посетуваа ова верска настава и крајот од својот труд го крунисуваат со проучување на Хатма. Некои од нив ја завршуваат по прв пат, а некои по втор пат“ – истакна еф. Џеваир Сефоски.

Се разбира интересот кај нашите деца и понатаму продолжува, така да секоја година бележи пораст во бројот на деца кои ја посетуваа ова верска настава, а се надеваме дека така ќе биде и наредната и се разбира идните години – надополни еф.Сефоски.

Инаку колку за информација, оваа година верска наука посетуваа 13 талебиња и истите успешно го завршија предвидениот дел од учење на хатма, а иншала некои од нив можат да продолжат и понатаму со проучување на хатма по втор пат, каде што вечерва има три такви талебиња.

Оваа година наши талебиња кои успешно ја проучија и беа дел од нашата свеченост ХАТМА-2014 се :

1.Ајдароски Анел

2.Ајдароски Анес

3.Ајдиноски Ердоан

4.Мемишоски Хадис

5.Мемишоски Харун

6.Кариманоски Омер

7.Мемишоска Мерјем

8.Мемишоски Вахид

9.Тајроски Кебир

10.Бајрамоски Мехди

Како и талебиња кои проучија хатма по втор пат:

1.Мавмудоска Шадија

2.Реџоски Мухамед

3.Тајроски Армин.

Иншала вака да биде и наредната година и уште еднаш да им се заблагодарам на сите присутни џематлии кои приуствуваа на оваа наша свеченост, пред се благодарност до претсдавникот на муфтиството струга како и имами од надворешноста на нашава населба. – на крај додаде еф.Сефоски.

А, ние почитувани читатели и посетители на Дубаи Портал, во продолжение на овој пост ви го представуваме забележаното видео, и се разбира на сите деца-талебиња кои оваа година проучија Хатма, да им посакаме се најдобро во иднина.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here