Како и минатата година, во организација на Џамискиот одбор на Подгоречка Џамија, така и ова, по повод големиот мубарек месец рамазан, и оваа година на : 25 јули 2014 година (петок) со почеток во 19.00 часот на селскиот рид на населба подгорци, ќе се одржи Вториот Традиционален “ Рамазански Ифатр Подгорци 2014“.

Во соопштението објавено од страна на Џамискиот Одбор на Подгоречката џамија покрај другото стои:
Почитувани!
Се надеваме дека со вашето присуство ќе ја збогатите оваа наша културно верска манифестација која веќе по втор пат се оддржува во нашава населба.
Како организатори на оваа манифестација, би сакале да упатиме и повик до сите оние лица-фирми кои сакаат да помогнат во реализацијата на ова манифестација да се обратат до раководните лица на овој одбор и помогнат со своите доброволни прилози, материјални ( храна, пијалоци) или пак финансиски средства.
Покрај тоа како и претходната година покрај рамазанскиот ифтар ќе се оддржи и свечен дел на кој со читање на Кур`ан и делови од хадис, како и други теми од исламската област, ќе се обратат еминентни имами оф нашиве населби, како и ченици и студенти кои полагаат исламска веронаука во училиштата и факултетит.
Се разбира, покрај домашните гости, најевени се гости и од надворешноста на нашиов регион, со кои ќе биде збогатена оваа наша манифестација.
Покрај тоа исто така ги покануваме и повикуваме сите младинци кои сакаат да помогнат во реализацијата на оваа манифестација со помагање во служењ е(изметчии) на храната и останатите активности, ада се обратат до џамискиот одбор каде што ќе биде изработен список на ваквите лица, кои на ваков начин ќе ја олеснат реализацијата на оваа манифестација.

Според изјава на представник на џамискиот одбор, ново за оваа година е тоа што храната ќе се подготвува на стар традиционале начин познат за нашиве населби, односно подготовка на храна во таканаречените, односно познати казани.
Ве очекуваме, заеднички да ја збогатиме оваа нашпа заедничка манифестација, во овој наш мубарек месец.
Со максус селам!
Џамиски Одбор – Подгорци – Мутевелија Фатмир Реџоски.










