ВЗ-ПОДГОРЦИ : Избран старо-новиот вододелител за оваа 2014/15 сезона на наводнување

0
325

Како и секоја година, така и оваа, имајќи ја во предвид предстојната сезона за наводнување на земјоделско обработливите површини во атарот на населба Подгорци, на претходно објавено известување-соопштение за прибирање на понуди за извршување на функцијата вододелите за предстојнава сезона 2014/15 година, на синоќешниот состанок во присуство на представници на Водната Заедница – Подгорци, беа отворени понудите на лицата од оваа населба, кои имаа интерес да ја извршуваат оваа функција, во наредниот месец и пол, период предвиден за наводнување на пченка, компир, грав и друг вид на култура.

Како и секоја година, како услови за избор на лице кое ќе ја изврпува оваа фукнција, беа предвидени неколку услови како од видот: цена за своите услуги(дневница), психофизички способен, познавање на подгоречкото поле (атарот), како и искуство во оваа активност.

Според представници на оваа организација, добивме известување дека до вчера, кога бил краен рок за поднесување на молба за избор на вододелител и отварањето на пристигнатите понуди, до канцеларијата на Месната Самоуправа – Подгорци, биле пристигнати три молбени барања и тоа од страна на лицата:

– Равманоски Агуш

– Рамаданоски Реџеп

-Кариманоски Реџеп.

После разгледување на сите горе наведени услови кои биле потребни за исполнување и избор на вододелител, представници на Водната Заедница, донесле одлука според која најприфатлива личност која би можело да ја извршува оваа активност е г-динот Кариманоски Реџеп.

Инаку да потсетиме и на тоа дека г-динот Кариманоски и претходната година наназад ја извршуваше оваа активност (вододелител). Се разбира ни беше напоменато дека и фактот дека жителите на населба Подгорци се задоволни од претходните неколку години кога г-динот Кариманоски ја извршуваше оваа активност, представуваше и пресуден фактор за негов избор.

Се очекува во наредниот период од Водната Заедница да излезат со соопштение за периодот на започнување на наводнување , како и пријавување на сите оние лица кои имаат засадено земјоделска култура.

Водна Заедница Подгорци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here