ОБНОВЕНО: Уште еднаш за проблемите на Подгоречкото училиште.

0
187

Надоврзувајќи се на нашата последна посета на оваа училиште (ОУ Гоце Делчев – Подгорци), како и претходно објавениот пост поврзан со проблематиката на оваа образовна установа, а особено после последната превземена активност од страна на Дистрибутерот за електрична енергија ЕВН, кој заради неплатени подмирува за потрошена електрична енергија, прекина да го снабдева оваа училиште со електрична енергија, и со тоа беа доведени во прашање активностите кои требаа да се реализираат околу работите сведни на завршување на оваа школска година.

Овај пат на покана на претсдавници на ова училиште присуствувавме на средба и како представни информативен портал и како родител.

Имено, представници на оваа училиште на претходно оддржаните со состаноци и со представници на Месната Самоуправа – Подгорци, формираа комисија во која влегуваа родители како и представници на советот на родители.

Целта на оваа комисија е да се увтрдат сите проблеми кои го притиснаа оваа училиште, како да се изнајдат решенија за реализација односно решавање на овие проблеми.

Во текот на средбата беа изнесени сите проблеми на оваа училиште, односно проблеми кои се однесува најповеќе на санација-поправка на штетите направени од страна на одредени несовесни ученици, за кои државата односно ниту една установа не реагира на ваквите наши барања (полиција, судови и др..) и на тој начин оставени сем сами на себе. – ни одговори – директорот на оваа училиште г-дин Фадил Исламоски.

За проблемите во оваа училиште осносно оние кои се однесуваа на некултурата, безобразулкот и несовесноста на одредени ученици кои направија одредени штети, а претходно сме ги известиле сите установи, за жал нема никакви информации околу решавање на овие проблеми кои не притиснаа во текот на претходната учебна година.

Имавте можност да видете колкави штети се направени, а за жал финансиски од кои причини, воопшто Општина Струга нема префлувано никакви средства кои ни се одобрени од страна на секое едно училиште од страна на Министерството за Образование, и со тоа овие настанати штети да ги санираме соодветно како што треба. – надополни г-динот Исламоски.

Никакви средства досега не се префрлени од страна на Општина Струга, речиси 2 до 3 години наназад, точно не се сечава, знам само дека за струјата која ни ја исклучија оваа училиште не го подмирувал фактурираниот износ на ЕВН  за период од  2 и пол години, и тој некаде е доспеан повеќе од 200 илјади денари, а згора тоа оставен ни е и долг кон снавдувачот со нафта за греење, така да буквално нашата сметка е блокирана. О д кои причини и зошто ова се прави од страна на Општина Струга, воопшто не ми е јасно, и прокрај известувањата од страна на Министерсвото за Образовани дека средства се префрлувани. Ние и понатаму продолжуваме со нашите барања и до сите институции за решавање на оваа проблематика, и истата се разбира реши во периодов пред започнување на новата школска година, и се разбира предстојната зимска сезона, да не бидеме повторно доведени во прашање заради недостаток на греење да дојде до прекин на наставата. – ни изјави проф. Назив Равманоски.

Согледувајќи ја опасноста која се заканува од нарушување на амбиентот во училиштето (оштетени елемени, хигиена и др..) Преку советот на родители донесовме одлука според која секое едно дете ученик се разбира кој сака да донира 100 денари и со тоа собери одреден износ со кој би се реализирале-решиле елементарните проблеми на оваа училиште пред се тргнувајќи од ( средства за хигиена, молерисување, поправање-санирање на врати, прозорци, санирање на зидови од појава на влага и др..)

Оваа активност ја реализравне на крајот од учебната година и притоа беа собрани одредени средства. Покрај тоа исто така со оваа кативност беа опфатени и вработените во оваа училиште кои и тие исто така финансиски зедо учество како и учениците.

Врз основа собраните финансиски средства донирани од страна на:

1. Учениците

2.Вработените во оваа училиште.

3.Средства од одобрен рабат (при фотографирање)

Ние веќе како што кажавме има зацртано кои работи ќе започнат да се санираат и каде ќе бида потрошенио овие насобрани средства. објасни-директорот Исламоски пред комисијата на советот на родители, каде беше презентиран списокот од сите оние кои донирале како и вкупниот износ од насобраните средства.

Се надеваме дека повеќе нема да се има потреба од прибирање на средства од страна на учениците, разбира доколку Општина Струга ни ги префрлува средствата кои ни се наменети, од страна на Министерството за Образование.

Притоа уште на крај да напоменам дека со ваква состојба зафатени се дополнителни 11 училишта во Општина Струга, што значи дека не е само нашето, и иститите ваквите мали проблеми ги решаваат на овој начин, надополни г-дин.Равманоски.

Дали овие проблеми ќе се решат или ќе продолжат и понатаму, останува да се види, меѓутоа во секој случаја ваквите настани и проблеми ќе се следат од страна како од  Училишниот Одбор, и Наставниците, така и од Советот на родители iи Месната Самоуправа, заклучок од заедничката средба.

Дубаи Портал.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here