Веќе неколку денови наназад Основното Училиште Гоце Делчев Подгорци, се соочува со недостаток на електрична енергија (прекин во снабдување), и со тоа се доведува во прашање процесот од завршните работи кои треба да се реализираат за завршување на оваа учебна година ( сведителства, интернет комуникација, и др..).

Буквално добивме известување од ЕВН за ненаплатен долк за изминат период од 2 и пол години. Тие како организација веќе после доставената сметка за ненаплатен долг, веќе извршија прекин во снабдувањето на струја, и со тоа не сме во можност во целост да ги завршуваме сите оние работи кои се потребни за овој период. А работите се пренатрупуваат, односно се нема услови за работа, особено кога станува забор за печатење, интернет врски, осветлување и др.
Според наши информации моментално во Опшптина струга електрична енергија немаат 11 училишта, освен некои за кои општината извршила уплата на долговањата кон оваа организација (ЕВН). Дали станива збор за некаква си привилегија на одредени училишта или не, останува да се анализира за подоцна.

Засега од ЕВН не сакаа да ни прецизираат за кои училишта станува збор. ( ни изјавија од ЕВН), така да покрај тоа тие надополнија дека оваа ситуација ќе продолжи и понатаму се додека не бидат исплатени нивните побарувањата во целост.
Од друга страна пак, представници на оваа училиште ни изјавија дека претходно биле известени дека ќе има прекин, и истото веќе е сторено. Во основа станува збор за долг во износ некаде над 200 илјади денари, кое ова училиште го долгува кон ЕВН. – изјави представник на оваа училиште.

Накратко од Министерството за Образование , а претходно во разговор и со представници на основните училишта во Општина Струга кои исто така немаат електрична енергија, добивмен известување дека средства во подмирување на долг од ваква намена испратени се до општина Струга која е наделжна за распределба на средствата и исплата на побараувањата на одредени организации се разбира за потребите на Основните училишта.
Како и да е, училиштето сеуште нема електрична енергија, времето си изминува, а што ќе бидит само господ знајт, надополни наставник од оваа училиште. А, ние и наставниците на оваа училиште ќе мораме да шетаме низ училниците за да најдеме соодветен осветлен простор за да си ја вршиме нашата секојдневна должност.
Покрај тоа, со нашето присуство успеавме да забележиме и одредени слики кои навистина за жал се случуваат во оваа училиште. ( Оштетени врати, шкртани зидови, штетени прозорци и што уште не…).

На наше прашање како доаѓа до ова, и кој е виновникот за ваквите грди слики, ни беше одговорено:
-Тоа го прават несовесни ученици, со кои не може да се најде соодветно разбирање и покрај нашиот обид за решавање на овој проблем. Во повеќе наврати најпрво сме ги информирале нивните родители, и се пак оди постаро. Во повеќе наврати сме ги известувале и надлежните органи за постапките на одредени поедини ученици, ама и од таа страна не се реагира, односно како да нема институција која би реагирале во решавањето на овој, проблем, па заради тоа, односно заради мал број на ученици трпат поголемиот број, а од друга страна се нарушува и амбиентот на оваа училиште (простории, инвентар и др..).
Ние имаме и целокупна евиденција од неколку години наназад за штетата која се нанесува, односно ги имаме евидентирано секој ученик која нанел соодветна штета, што значи дека од наша страна работите течат онака како што треба, ама за жала кога треба да се стави крај на ваквите несакани активности, одреден и институции затајуваат.-на крај ни изјавија од оваа училиште.
Како и да е училиштетот продолжува со работа, без разлика на условите, барем засега, а за решавањето на ваквите проблеми очигледно треба да се бараат кај институциите кои во овој случај затајуваат, и се разбира како и кај самите родители на учениците кои доаѓаат на настава во ова училиште. (заклучок на представник на Дубаи Портал, при посета на оваа училиште).
Дубаи Портал










