Како што е информирано од БКЗ (Бошњачката Културна Заедница), на 29.05.2014 , четврток, заврши првиот дел од кацијата за Босна и притоа беа испратени три полни шлепери со неопходни артикли и потребштини во Сараево и Зеница.,.
На иницијатива на БКЗ се одзваа голем број на организации од Македонија: РУМЕЛИЈА ТКНЦ – Струга, Генч Куд Врапчиште, Калемлери и ТДП Гостивар, Дрита – Тетови, Шпреха -Сарај и Општината Сарај, организацијата ЕНСАР, НВО ЕЛ ХИЛАЛ, Калири и ЛЕГИС – Скопје како и џамиските одбори од селата Подгорци, Лабуништа, Октиси од Струга, како и селата Оризари – Велес, Лажани – Прилеп, Санџак џамијата – Скопје, Хатунџук џамија – Скопје.
Со оваа пратка доставени се 70 тони помош во конзервирана храна, 70 нови душеци, 30 палети вода за пиење, и голем број на разновидни хигиенски средства и алати за санирање на последици од поплави.
БКЗ на МАКЕДОНИЈА , како иницијатор на оваа хуманитарна акција им се заблагодарува на сите учесници во оваа акција со која на несебичен начин дадоа свој допринос на директен или индиректен начин, и ја покажаа својата човечност,солидарност и хуманост на дело.
Нека драги Аллах ве награди за Вашиот искрен нијет и добрите дела.











