Еве веќе од вчера започна долго очекуваното санирање “крпење“ на ударните дупки на локaлниот пат кој населбата Октиси ја поврзува со Струга.
Само за момент бе бате ќе се одмориме од дрндање по нашиов пат, одамна е сугерирано дека треба да се санира, а зошто бареm и не асфалтира целосно ? – Вака ни изјави еден еден жител на Октиси.

Се на се, интересно е тоа како дошло до покренување на оваа активност.
Пред два дена наназад жители на населбата, заедно со членови на Месната Самоуправа, согледувајќи ја потребата од санирање на локалниот пат кон Струга, притоа имајќи ја и во предвид предстојната сезона која за еден речиси месец и пол со доаѓањето на гурбетчиите ќе го наполни оваа село привремено, и притоа не доведуваат во опасност при движење по локалниот пат, како на пешаците, автомобилите како и останатите учесници, заради овие отвори (дупки), и покрај глувонемоста на Општина Струга, решиле сами да си го санираат патот.
И така овие наши Октишани, решиле сами да си го поправат и финансираат она за што не се должни, започнале да ги санираат (покриваат со асфалт) дупките. Ама нејсе откако одредени партиски членови на една политичка партија блиска на општина Струга-владејачка (сигурно погодувате за која станува збор) забележале што се случува веднаш ја алармирале Општина Струга. И тие веќе наредниот ден ајде во акција на спасување на локалниот пат кон Октиси.

И вака започна оваа активност на санирањето – спасувањето на овој пат, за кој жителите на оаа населба , благодарениее на одредени жители на оваа населба кои успеале да надлежните во Општина Струга да му фрлат кофа со вода, за да се разбудат и видет дека Октиси има потреба од нешто за што тие се должни да го направат – вака ни изјавува еден жител на Октиси.
Меѓутоа, некои пак други размислуваат поинаку, па ни вели вака: Како и да е времето е релативно, ќе си помине ќе дојдат и некакви си нови избори, па ние ќе им дајме игла и конец да си ги крпат своите гласови, оние што им останале и што ќе им останат.
Зарем Октиси не заслужува да се асфалтира целиот пат, онака како што некои го прават тоа во Лабуништа, и тоа по нивните улици и маали, а за Октиси нема за локалниот пат.

Ама по се изгледа Лабуништани си го имаат Абдула, а ние немаме никого кој барем малку би го насочил прстот кон Октиси и да каже дека и овие жители заслужуваат да имаат нешто убо..(за жал).
И, Зошто некои населби, каде што ни во просек 10 автомобили во текот на денот не поминуваат, влегуваат во програмата на општина Струга за целосно асфалтирање, а за населбите Октиси, Подгорци, и Лабуништа, секогаш се оди на методата земи и крпи. ( Односно зошто овие населби барем некој надлежен не истакнал дали влегле во некаква си програма), ако веќе влегле, тогаш им се извинувам на надлежните во општина Струга, и да им се заблагодарам, ама мисла дека такво нешто може да се случи само во некој филм со делови на фантазија. Ама нејсе и ние Октишаните знаеме да вратиме и наградиме за заслуженото.- надополни жител на Октиси.
А, бе бате сега ова ќе биде како онаа: “Еден Ајр, а триста зијани“, остај тоа што се започна со санирање на ударните дупки, односно нивното сечење и чистење тие се толку големи што незнам како ќе се поминува преку нив.
Ако ги пополнат веднаш, ќе бидит многу убо, ама ако започнат да ги оставаат за некои си наредни денови, тогаш господ да ни е напомош нам , риск за механичарите.
ПО ШТО ОКТИСИ И ОСТАНАТИТЕ СЕЛА (ПОДГОРЦИ, БОРОВЕЦ И ЛАБУНИШТА ) СЕ РАЗЛИКУВААТ ОД НЕКОИ ДРУГИ??
Оваа нека остане како прашање за некои кои треба да ОДГОВОРАТ..!
dubai-portal










