ХУМАНОСТА ПРЕД СЕ: “ Од своите – За своите во Босна и Херцеговина..

0
203

Почитувани, согледувајќи ја потребата од помагање на своите браќа во Босна и Херцеговина, погодени од природната непогода ( поплави, клизишта), денес во организација на РУМЕЛИЈА ТКНЦ и официјално тргна натоварениот камион за Босна и Херцеговина, односно загрозените делови во оваа држава, каде се има потреба од помагање на населението погодено од овие временски неприлики.

 

Од Струга преку Битола, каде што дополнително беше натоварен со вода за пиење, истиот преку Скопје директно се упати за Босна и Херцеговина.

Во оваа пригода, односно по овој повод. РУМЕЛИЈА ТКНЦ, на сите оние кои ја искажаа својата хуманост, пред се фирмите и граѓаните кои ја почувствуваа потребата од хуманост, да се помогне на оној на кој му е потребна вистинска помош во овие тешки моменти, им се заблагодарува, односно на сите фирми им посакува успех во својата работа, како и на нивните раководители, и истовремено да им посака се најдобро и на оние граѓани кои се решија на овој чекор, односно да ја покажат својата хуманост, споделат овие тешки моменти, и да помогнат на своите во оваа балканска земја (БиХ).

Во прилог Ви го прикажуваме забележаното видео од утоварувањето на тргнувањето на овој наш заеднички хуманитарен камион, исполнет со голема хуманост и посакување на се најдобро за нашите во Босна и Херцеговина.

Информација на : dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here