ЗА ХУМАНОСТА ПРЕД СЕ: Известување од МС-Подгорци..!

0
203

Почитувани, како што и претходно бевте информирани, сметајќи на хуманоста како дел од нашата човечност, притоа имајќи го во предвид  предизвикот да му се помогне на оној кому му треба помош и на кого таа му е најпотребна, а врз основа природната непогода (катастрофа) која го погоди подрачјето на Балканот (БиХ, Србија, и Хрватска), веќе неколку денови наназад во нашава населба беше организирана активност за прибирање на материјална помош за загрозените од оваа непогода. Како организатор на оваа активност подтикната од страна на Месната Самоуправа Подгорци, денес на наша адреса беше испратено следно известување:

Почитувани, советот на Месна самоправа Подгорци има за цел да ве извести дека прибирањето на помош денес се заврши и истата таа помош е веќе натоварена и направена детална сепицификација со нумеризација, а воедно и им се заблагодарува на сите што беа дел од оваа успешна хуманитарната акција за поплавените подрачја.
Посебно благодарам на вработените во Подгорка Струга за помош при растовар и нумеризација на целата роба.
Во продолжение на овој пост можете да ги погледнете фотографиите од целата активност.
Со почит, совет на М.С. Подгорци

       

    

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here