Официјално во пенеделникот 19.05.2014 започна приемот, односно запишувањето на правачињата (новите ученици) во Основното Училиште “ Гоце Делчев“ – Подгорци.

По тој повод денес имавме можност да го посетиме оваа училиште , и накратко запознаеме со начинот на спроведување на оваа активност односно запишување на нови ученици, за новата школска година 2014/15 год..
Врз основа законските регулативи, формиравме комисија шест члена комисија за прием на новите ученици,(првачиња). Која комисија е составена од : педагог Весна Чаторочкоска, одееленски наставници, Назив Равманоски, Ана Голабоска, Христина Димоска, Идриз Ајрулоски, Ариф Имероски, во кординација со директорот Фадил Исламоски.

Cпоред нашата евиденција, едвидентирано е прием на нови 52 ученици, што ги задоволува условите за формирање на две оделенија.
Пријавувањето како што знаете веќе се врши од понеделникот, континуирано и без и било каков проблем, ни изјави представник на комисијата за прием на нови ученици г-дин Назиф Равманоски.
Се разбира , ке напоменам уште еднаш овој мајски уписен рок е спроведен согласно законските мерки, како и педагошки барања и принципи. Она што е највпечатливо е пријатната атмосфера во училиштето, а позитивните впечатоци од родителите кои што искажаа задоволство од односсот на вработените и комисијата која што го вршеше приемот и запишувањето на првачињата додаде г-дин Равманоски.

Покрај тоа би сакале да се пофалиме дека во рамките на нашите активности, како би се доближиле до родителите и новите првачиња, пред се презентирајќи ги нашите активности, како и идејата за представување на училиштетот како нив втор дом, со што на наедноставен начин би се прилагодиле, изработивме промотивни флаери, преку кој ги прикажавме сите наши активности, односно, активностите на нашите ученици се разбира со координација на наставничкиот кадар.

Во однос на спорведување на процесот на прием на новите ученици, обезбедни се просторно материјални и технички услови, каде што се користат современо материјално дидактички средства, и тука можам да се пофалам дека ретско се случува ваков начин спроведување на процесот на приме на нови ученици.Се разбира за поедноставна комуникација имаме организирано одвоено посебно училници за првачињата како и посебен влез и санитарен чвор.

Сета ваква организирана поставеност на наставничкиот кадар во оваа училиште резултираше секогаш со добри резултати, и не случајно минатата година како и претходните беме едно од најдобрите организационо поставени училишта во нашава општина ни изјави педагогот г-ца Весна Чаторошкоска.
На првачињата им посакуваме успех и се најдобро на почетоците од нивното образование – беше заклучокот на вработените во оваа Образовна установа.
dubai-portal.com.mk









