По повод завршеното четири годишно средно образование, како и секоја година , и оваа во просториите на хотел Дрим – Струга беше организирана свечена (Матурска) вечер на МАТУРАНТИТЕ-2014 од СОУ “Нико Нестор“.
Како и секоја година, така и оваа забележано беше се поголемото присуство на матурантите, испратени од страна на своите роднини и пријатели. Се разбира тие како и секогаш дотерани со најмодерна облека и фризура, шминка, кармин, машниче и нешто сосема друго се разбира секој во својот најапосакуван стил.
Како за крај би сакале на сите Матуранти да им посакаме се најдобро во иднина и се разбира успех во понатамошното школување, се разбира среќа и здравје.
А, Вам почитувани читатели на Дубаи Портал Ви представуваме дел од забележаното видео од оваа свеченост, кое секако вреди да се погледне.


dubai-portal.com.mk










