Од проектот на Месна Самоуправа – Подгорци

0
211

Надоврзуваќи се на зацртаните активности во склоп на предвидениот проект на Месна Самоуправа Подгорци предвиден за 2014 година, денес се започна со спроведување на активноста околу поставување на заштитна ограда, околу речното корито на населба Подгорци во делот од населбата познат како автобуска.

 

Оваа ограда моментално ќе служи како заштита за жителите на оваа населба, исто така и заштита на учениците од основното училиште Гоце Делчев Подгорци, оваа беше еден дел од нашите предвидени активности за проектот за 2014 година, и еве каки и останатите претходно изведени (потпорни зидови, санирање на локалните патишта и други активности), за кои што претходно вашиот портал имаше известувани, изјави г-дин Мирсад Реџоски претседател на МС Подгорци.

 

Инаку оваа ограда е се карактеризира со должина од 39 метра, и се протега по целата должина од оваа дел од наслбата, а висината од парапетот изнесува 1 метар..,.

Како и со претходните, така и со оваа активност се надеваме дека и останатите наредни успешно ќе ги реализираме согласно зацртаниот план, и сето тоа за доброто на жителите на оваа населба – надополни претседателот на Месната Самоуправа  г-дин Мирсад Реџоски.

Dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here