Како и секоја година, така и оваа Подгорчани започнаа со овогодинешната сеидба на земјоделските култури во атарот на населба Подгорци.

За разлика од минатата година кога пишуваваме за започнатата сеидба, оваа година за разлика од минатата задоцнивме со сеидбата односно заради временските услови ја започнавме речиси две недели подоцна , односно минатата година за припремите и сеидбата Подгорчани веќе беа започнале во период од 28-29 април- 2013 годин, а во оваа година заради временските услови, дожд, со овогодинешната сеидба се започна од  5-11 мај 2014..,

Како и да е, како што си велиме господ бериќет да ни дајт на сите оние кои се одлучиле со ваква дејност, а иншала и на другите да им дај сила и тие да започнат, затоа што како што се вели “на земјата му даваме едно а таа ни враќа три“. (господ-ва работа)

Во однос на застапените култури кои се засадуваат засега едно се знае со точност дека нај застапена ќе биде пченката, со далеку поголеми засадени површини, пред површините (врт) засадени со компир, праз, патлиџан и др..

Анализијарќи колку оваа година се започнати активностите, односно колку обработлива површина е опфатена, засега од неофицијални извори, според мислењето на лицата кои со помош на механизацијата (трактори и др.) ги извршуваат подготовките, се претпоставува дека ќе има за мал процент повеќе од минатата година..,

Да потсетиме дека минатата година според информациите од Водната Заедница -Подгорци, организација која стопанисува со атарот на населба Подгорци, односно се грижи за процесот на наводнување  на земјоделско обработливите површини, и нивното спроведување, не сметајќи на површините засадени со јонџа, беа засадени околу 150 рала предвидена површина.

Оваа година според нашите трактористи се очекува тој процент да биде зголемен  за нијанса, односно се очекува таа бројка да достигне до некаде 175-180 рала.

Меѓутоа за поточни информации наскоро со свое соопштение ќе излезе Водната  Заедница – Подгорци, односно соопштение со кое ќе бидат повикани сите граѓани на оваа населба кои имаат засадено било каква култура истата да ја пријават кај надлежните органи, и од тука ќе се добие точната бројк на засадена површина, а исто така ќе се се даде можност за изработка на детален распоред на наводнување, кога ќе се најави периодо за таквата потреба – ни изјави раководителот на Водната Заедница- Подгорци, г-дин Насер Реџоски.

И, притоа преку Вас и сите останати медиуми преку соопшетие благовремено ќе бидат известени сите жители на оваа населба, од потребата за пријавување на засадената површина, како би се се одвивало според зацртаниот план, односно пред периодот кога ќе биде објавен истовремено и оглас за прием на вододелите за овогодинешна сезона за наводнување – надополни г-динот Реџоски.

Во прилог на овој пост – информација Ви прикажуваме дела од забележаните фотографии од Подгоречкото поле во оваа 2014 година.

dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here