Дали добрите меѓуетнички односи во Подгорци, некој сака да ги наруши или стави  на тест. ??

Имено денес во попладневните часови некаде околу 14.30 ,според информациите доставени до редакцијата на Дубаи Портал, одредени лица од православна вероисповест, а се разбира по налагање на црковниот одбор , односно нивна одлука, во делот од населба Подгорци, познат како Шумадија, или поточно на местото Св. Петка, – Лакојта Вода, каде што пред неколку години е изграден според некои бесправно а според некои по законски пат, односно поставено верско обележје за припадниците од христијанска веросиповест, денес беше започнато со доставување на градежен ,метеријал.

Ваквата постапка, веднаш предизвника еден вид револт кај жителите од исламска вероисповест, се разбира потикнати од ваквата активност на црковниот одбор, иако се знае дека според информации на постарите генерации тука немало никаков верски објект од изминатиот период, иако од страна на представник на Црковниот одбор, г-дин Владо Крстаноски беше изјавено дека поголемиот дел во близина на овој сегашен објект бил Црковен и истиот, односно дел од него е продаден на приватни лица.

Меѓутоа според жителите на оваа населба се поставуваат неколку прашања кои всушност и беа причина за зголемување на револтот а тоа се :

1. Зошто представници на Црковниот Одбор, не ја известиле Месната Самоуправа Подгорци, која представува надлежен орган во оваа населба.

2.Зошто представници на Црковниот одбор не прикажаа документ со кој се потврдува дека за ваквата постапка е известена и надлежната организација т.е. Општина Струга.

3.Зошто повторно на сличен начин се повторува истата  постапка кога во делот од населба Подгорци, познат како Марул се градеше зафетен дел градба за акумулирање на вода и градба која ќе користи за периодот од христијанскиот верски, празник Водици, и тогаш на сличен начин беше направено истото, односно беше започната градбата, а притоа да не бидат информирани тогашните надлежни, односно Месната Самоуправа Подгорци, и Општина Струга.

4 Зошто се превземаат вакви активности токму во период од кога го нашава земја се во тек избори (парламентарни-претседателски), и кои лесно можат да се поврзат и со изборната кампања, односно му се дава можност на секога различно да размислува и поврзува оваа ситуација. А се надеваме дека тоа е е така.

5. Доколку се прави во пресрет на Христијанскиот празник Велигден тоа е во ред, (се разбира секој треба да  си ја негува и заштитува верата онака како што знае и умее). Во нашиов случај се разбира за тоа  претходно требаа да бидат известени и консултирани представниците од Месната Самоуправа – Подгорци и нив тука да им се приложи цеолкупната документација и искаже намерата за каков вид на градба ќе стане збор. И се разбира со тоа ќе беа избегнати денешните за жал одредени несакани моменти кои настанаа во делот на местото предвидено за градба.

Според информациите на представникот на Црковниот одбор г-дин Владо Крстаноски, овде нема да се гради никаков верски објект, туку ќе се санира и доградува потпорен зид.

Меѓутоа дел од граѓаните кои се занимаваат со градежништво веќе извесен период потврдија дека со олкава количина на градежен материјал не се гради нешто како од типот на потпорен зид, туку нешто поголемо, па заради тоа се сомневаме дека овде ќе се гради поголем верски објект, а и постои уште поголема веројатност дека ќе се узурпира и околното земјиште.

Дел од граѓаните побараа Месната Самоуправа да направи заеднички договор со Црковниот одбор, договор во кој ќе се гарантира дека нема да се гради поголем објектот од типот како (манастир или друг вид на верски објект), со што би се нарушиле верските чувства на припадниците од исламска вероисповест кои живеет во непосредна близина на овој сегашен христијански верски објект, односно дел кој претежно е населен со стамбени објекти на жители од исламска вероисповест, додека пак стембените објекти на припадниците од христијанска вероисповест не доминираат тука, односно воопшто и ги нема во тој дел.

Месната Самоуправа е надлежна за оваа населба и таа треба да ја информира Општината за оваа постапка, и нека од Црковниот Одбор кажат зошто не го почитуваат функционирањето на оваа месна самоуправа, со тоа што не ја известиле, оваа Месна, како и онаа од предходните години? – изјави наш сограѓанин.

Повеќето жители не веруваат во она што представникот на Црковниот одбор го напомена, затоа што според кажувањата на постарите генерации од оваа населба, тука немало верски објект, однодно пред неколку години според (сон) кажувањето на некоја жителка од христијанска вероисповест се постави само метална кутија како верско обележје, за подоцна да прерасне во онаа што е денес. Така да според ова денес и доставениот материјал кај нас постои сомнеж од изградба на нешто поголемо, изјави жител на оваа населба.

Се разбира никој не е против да си ги оддржува и негува своите верски обележја, без разлика на која вероисповест припаѓа,ама во ниту еден ваков случај кој едноставно може да ги разниша добрите односи со моите комшии и жители од оваа населба- вака размислуваше еден наш сограѓанин.

Како и да е се надеваме дека ќе се најде еднострано разбирање од страна на Црковниот Одбор, Месната Самоуправа, на еден заеднички состанок, па тука работите да се сведат на едно разбирање и  најде споразум со кој иншала никогаш да не дојде до прашање од нарушување на меѓуетничките односи во оваа населба, кои досега се развиваа како во ниту еден дел во нашава си заедничка држава, односно како што досега сме живееле и понатаму да живееме како што треба.

Дубаи Портал.

Група Граѓани

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here