Почитувани, врз основа досегашните активности на Месната Самоуправа, предвидени со план програмата за 2014 година, во прилог на овој пост-информација Ви го објавуваме соопштението-известување кое беше доставено и објавено од представниците на МС-Самоуправа, а се однесуваше за завршните проект-активности кои беа започнати и реализирани според предвидените и планирани зацртани цели на оваа организација
Месна Самоупрва – Подгорци
Предмет: Информација од досегашните активности на МС-Подгорци.
Почитувани, советот на Месна самоуправа Подгорци има за цел да ве информира дека полека се оди на привршување на започнатите активности како и информација за тековни и идни активности.
Потпорниот зид кај месноста викана “Бајри маала” е комплетно завршен со монтирана ограда освен за два дена за кога е договорено да има дислокација на бандерата од ЕВН, потоа потпорниот зид на патот за накај рибникот исто така е завршен со поставена ограда, потпорниот зид кај месноста Мифтарој е завршен во предвидената прва фаза, решетката на патот за ајдаровци е направена и монтирана, мулдите на патот за Ајдарој е исто така завршена, оградата за покрај реката кај школата и лакирана и исечена и се чека деновиве да се почне со нејзино монтирање, од денешната средба во ЕВН бевме информирани дека утре доаѓа екипата задолжена за санирање и асфалтирање на патот по Горно Ориште како и поставување на новите бандери претходно предвидени по основниот проект, се изврши чистење на громјето покрај патот кај долните муслимански гробишта, денес во согласност со месната самоуправа, а финансирана од приватно лице на улицата кај рибникот каналот за наводнување се поставува низ бетонски цевки покриени со бетон и сл.
(во продолжение ви доставуваме и слики од дел од гореспоменатите активности)
Со почит, совет на М.С. Подгорци
Дубаи Портал – Dubai-portal.com.mk









