Денес на пригоден начин по повод предстојниот празник 8-март денот на жената, во просториите на Основното Училиште Гоце Делчев – Подгорци, се оддржа свеченост по повод овој празник.
Пред присутните родители, роднини и пријатели, пред се благодарение на организаторите (наставниците) од оваа училиште, преку бројните рецитали, песнички и драмски активности им се обратија нивните деца, ученици од оваа училиште.
Во оваа пригода, во име на сите наставниците, по овој би сакале на сите припаднички од понежниот пол да ми го честитаме 8-Март денот на жената, на нашите мајки и сопруги и притоа да им посакаме се најдобро во иднина, и се разбира притоа да им се заблагодариме што одвоија време да присуствуваат на оваа наша заедничка свеченост и споделат овие мономенти заедно со нас и нивните деца, наши ученици. ( стои во заедничката честитка на вработените во оваа образовна установа).
Во прилог на овој пост Ви по презентираме и забележаното видео од денешната свеченост, и се разбира и ние Редакцијата на Дубаи Портал да се придружиме кон оваа честитка и на сите припаднички од понежниот пол да им го честитаме 8-ми Март и да им посакаме се најдобро во иднина.
Притоа да напоменеме дека во теков на денов ке бие поставено и друго видео со подобра видео резолуција за оние корисници кои користат пакети со подобар интернет еигнал.









