Врз основа план проектот на Месна Самоуправа Подгорци, за обезбедување на населба Равење-Шумадија, односно поставување на нов Трнасформатор со кој ќе се обезбеди нормален тек во снабдување на овие домаќинстава со електрична енергија нормален, денес во потег на делот од Горно Ориште, па се до населба Равење-Шумадија, по должината на овој пат каде што беа вршени ископувања за поставување на електрична инсталација, денес во претпладневните часови беа забележани активности од страна на екипите на ЕВН.
Според нашите извори одговорните лица на оваа организација должна за снабдување на домаќинствата со електрична енергија и реконструкција на електричната мрежа, изјавија дека моментално ископаниот канал-ров го засипуваа со последниот дел, слој од земја и во наредниве неколку денови се очекува истиот да биде целосно завршен, односно асфалтиран во висина на постоечкиот алсфалтиран пат, со што ќе заврши и оваа фаза од оваа нивна активност околу поставување на новиот трансформатор кој ќе обезбеди нормален тек односно снабдување на наведените домаќинства со електрична енергија.

Дубаи-Портал (dubai-portal.com.mk)










