И, официјално денес привршија работите околу финализирање на еден од проектите на Месната Самоуправа Подгорци, а кој се однесуваше на изведба на потпорен зид во делот од населба Подгорци викан како Баир Мала.

Според информациите на представникот на Месната Самоуправа Подгорци, г-динот Адемоски Касим, кој го затекнавме на самото место каде што се гради-изведува овој градежен зафат,работите речиси се при крај, односно поставена е заштитната ограда во должина од 40 метра, и висина од 1 метар, ширина на заштитен парапет од 25-30 см, изјави г-динот Адемоски.

Преостанува уште да се изврши дислокација на бандерите преку кој се поставени птт каблите, односно истите да се постават во претходно изведени заштитни армирано бетонски шахти, со што ќе се добие во простор, односно во широчина на патот, кој моментално се движи некаде околу 3.8 метри/просек.

Во наредните неколку денови, ќе остане уште да се завршат работите околу расшалување на бетонските оплати, како и одстранување на потпорните елементи (пунти) кои ја прицрвстуваат заштитната оплата на бетонскиот парапет, и со тоа и официјално да се стави крај на овој проект на Месната Самоуправа Подгорци.

Како представник на Месната Самоуправа Подгорци, можам да кажам дека после оваа, следен проект предвиден со план програмата на Маесна Самоуправа Подгорци е и поставување на заштитна ограда во делот на местото познато како Автобуска-Училиште Подгорци, и тука е предвидено по должината на речното корито да се постави ваков вид на заштитна ограда и бетонски парапет, со кој ќе се обезбеди посигурно движење на пешаците како нормалниот тека на превозните средства, надополни г-динот Адемоски.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here