Месна Самоуправа Подгорци: Известување по повод продолжување со градежните активности.

0
225

По повод продолжување со градежните активности на Месна Самоуправа – Подгорци, денес беше објавено известување од страна на советот на оваа организација во кое што стои:

Почитувани, Советот на Месната Самоуправа – Подгорци ве известува дека утре сабота (08.02.2014год.) со почеток во 8 часот се продолжува со градежните работи околу потпорните зидови на двете претходно споменати локации.
Во оваа прилика јавно им се заблагодаруваме на сите кои на било каков начин ги помогнаа и беа дел од овие активности.
Се повикуваат сите доброволни подгорчани за доброто на нашата населба и во иднина заедништвото и сплотеноста да бидат нашето најголемо “оружје”.
Со почит,
Совет на М.С. Подгорци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here