Почитувани, советот на Месна самоуправа Подгорци ве известува дека во нашата населба веќе неколку дена се изведуваат активности од страна на ЕВН Македонија на месноста викана Горно Ориште.
Во врска со горепоменатото и подновените наши барања околу месноста Равење за поставување на нов трансформатор на ден 23.01.2104 год. бевме повикани на состанок во канцелариите на ЕВН Македонија подрачна едница Струга со одговорните лица Оран Елезоски и Лазар Томаноски каде ни беше презентиран проектот (приложени скенирани делови ) кој предвидува целосна реконструкција на трансформаторот на Ориште, потоа ископување и поставување на нов кабел (пресекот може да се види низ слика) по главниот пат од Горно Ориште се до излезот за Равење од каде што се продолжува по воздушна линија со поставување на 10 нови бетонски бандери према улицата кај Рибникот.
За останатиот дел од населбата по главниот пат за Равење преку зајакнување по пат на воздушна линија кабелот со предвидениот пресек овозможува непречено функционирање и задоволување на сите потреби.
После завршување на градежните работи одговорните лица од ЕВН Македонија се обврзаа за враќање на патот во првобитна положба со набивање, тамнонирање и асфалтирање.
Вредноста на овој проект по предмер пресметка изнесува 1.318.800 ден.
Благодарност до ЕВН Македонија.
со почит,
Совет на МС Подгорци
Дубаи Портал.










