Почитувани, ова што последниве неколку денови – недели ни се случува навистина се нема ама баш никакви зборови.
Преде неоколку дена имавме можност да забележиме исмејување на исламски симболи од страна на некултурна и безобразна младина (припадници на христијанска веросисповест) за жал за младина каква што ниту една заедница не треба да посакува да има, ама нејсе.
Онаа што сега е најважно, е тоа дека овде воопшто се нема ниту страм, ниту страв, или како што велат нашите се нема ниту перде.
Покрај тоа само посебе се наметнува и прашањето : Дали воопшто припадниците христијанската вероиповест воопшто сакаат соживот и со припадниците на останатите вери.
Според се што се случува, испаѓа дека едноставно НЕ!,
Знаеме што се случуваше минатата година на Вевчанскиот пагански карневал, ( никој не сноси одговорност), Знаеме што се случи пред неколку денови во еден кафиќ во Струга. ( никој не сноси одговорност).
Е, сега како шлаг на сето тоа се вклучија и организации,
Денес еве поточно имав можност преку еден сајт :http://www.ohridnews.com/vesti/64614 да го анализирам и погледнам видеото преку кое според прикажаното оваа (не) спортско друштво „Амфора“ од Охрид во чест на поразникот василица, сакале да покажат со каков вид на (не) спорт се занимаваат, односно кави се ниети имаат.
Можеби малку со закаснување сум ја забележал оваа вест, од (14.01.2014) ама тоа е пред се заради тоа што иако не сум во мојата држава (Македонија), ама баш и воопшто не ме интересира да ги посетувам нашите сајтови во Македонија, затоа што преку глава ми е од вакви безобразулци.
Ама на инсистирање на еден мој пријател еве ја добив,е и оваа прекрасна вест. За некого прекрасна за некого не.
Во содржината од видеото како што самите го режирале, без и малку чувство во себе дека со тоа ќе ги навредат чувства на одредени припадници на исламската веросисповест, сценирале кратко видео, во кое што облечени како шеици нуркаат во водите на охридското езеро, притоа на крајот да се потенцира дека ги вкусиле вината на „СТОБИ„.
Па, господа членови на оваа (не) спортско друштво Вие сигурно знаете дека виното и сите штетни алкохоли во исламот се забранети. Што сакате да кажете со ова јавно објавено видео сите ние знаеме.
Доколку сакате да се играте со некои личности, во ред е, играјте се, нема проблем, во нормална држава се сноси одговорност и за тоа доколку исмејуваната личност не го побара тоа, ама кај нас за жал ни се случува нешто спротивно.
Меѓутоа кога ќе се земе некаков верски симбол или употреби некаков си друг симбол и на тој начин навредува одредена вера, е тогаш овде веќе станува збор за нешто што можат да го направат само антихристијани ( иако е направено од припадници од христијанската вериспосвест) овде велам антихристијани за тоа што вистинските верници од христијанска вероисповест не ги одобруваат и не посегнуваат по ваквите нешта. А знам дека има и вакви христијани кои си ја негуваат и сакаат својата вера.
Како и да е можеби некои шеици пијат вино или не, тие за тоа ќе си сносат одговорност. Ама Вие. почитувани господа од оваа (не) спортско друштво ова не може да биде никакво оправдување за вашиот безобразулк, затоа што оваа (не) спортско друштво знае во исламот алкохолот и другите штетни алкохоли 100% се забранети, а доколку не знает дека виното е алкохол, тогаш нека ги прашаат нивните постари, оние вистинските верници.
Покрај тоа почитувани, припадници на христијанската младина, една работа треба да знаете кој се инвестира од надвор во оваа наша држава ( Турција, ОАЕ, Катар), за да може сите ние и вие да живееме. Дали знаете колку Македонци работаат во исламски (арапски држави), за жал НЕ, или се правиме НАУДРЕНИ.
Последно како пример, пред неколку месеци се најави отварање на фирма која што ќе врши откуп на јаболка од Ресен и истите увезат во Обединетите Арапски Емирати. Можеби ќе речете: за пари бе бате !. Да бе бате, ама тие пари можат да се ин вестираат и на други места, овие наши јаболка можат да останат и гнијат, а овие шеици кои за жал и тие понекогаш не знаат што прават еве ви носат и работа и пари, а Вие на ваков начин и со вакви постапки им велите Благодариме!
Ама како и да е, и на овие наши шеици некогаш (иншала) ќе им додеј умот.
А, за се што се инвестира од Турција ич нема ниту збор да пра. Ама и Нив ќе им доде умот, бидете сигурни.
Овде по се изгледа се нема перде ни страм, кога со вакви инвестиции што влегуваат во оваа наша држава (затоа што оваа држава е моја колку и ваша), не се плашите да искажете вакви безобразлуци, тогаш што кога ќе прекинат инвестициите, или пак кога овие шеици ќе речат еве (доколку им дојде умот) одете си во сопствената држава па таму нека ви најдат работа. Кави ли се активности тогаш ќе превземете односно до каде се ќе одете со вакви глупости.
Е, почитувани браќа муслмани, навистина овој филм кој започна минатата година, добива и серијал, односнио започнува да се емитува во епизоди:
1. Вевчански пагански карневал ( исмејување со Ку`ран)
2. Оваа година во Срушко кафуле (исмејување со верски симбол знаме)
3.(Не) спортско друштво АМФОРА (исмејување на шеици со вино)
4. Е , сега за наредната година ни преостанува да видиме како ќе биде. А се надевам дека иншала нема да има.
И, за крај еве едно навистина едно интересно прашање до сите оние институции кои постојат за (не) казнување на ваквите работи : ДАЛИ ДОСЕГА НЕКОЈ СНОСИЛ ОДГОВОРНОСТ ЗА ВАКВИТЕ ПОСТАПКИ?!, доколку сносил, а не знаеме тогаш им се извинуваме. Ама знаеме дека такво нешто нема.
( Идејата на овој текст не е да се навредуваат припадниците на било која вероисповест ниту пак било која вера, туку да се укаже на одредени безобразлуци и дејанија кои се се вршат врз одредени припадници на одредена вера. Иншала сите да ја почитувама својата вера онака како што треба, па да нема вакви безобразлуци и некултура)
Во продолжение од овој пост ви го прикажуваме линкот и содржината од видеото, кое е снимено по повод празникот Василица, во кое без разлика на тоа што се исмјуваат шеици, туку им се придава и улогата на корисници на Вино.
[youtuber youtube=’http://www.youtube.com/watch?v=OSIL0iv2tu4#t=125′]
Линк за посета: http://www.ohridnews.com/vesti/64614
Админ на Дубаи Портал од Дубаи











