Со снаодливоста на неколкумина жители на долнореканското село Ростуше и вработени во полициското одделение, локализиран е и изгасен огнот, кој го зафатил покривот на средното општинско училиштe. Огнот на покривот, бил забележан околу 14:30 часот, по што полицајци со противпожарни апарати почнале со гасење во потпокривот. Со помош на дваесетина мештани, за неполн час тие успеале да го локализираат, недозволувајќи огнот да се пренесе на останатите простории на објектот и на соседниот објект, во кој е сместена локалната самоуправа. Опожарувањето не предизвикало посериозни последици и за среќа настанало во време кога наставата била завршена, а учениците и наставниците заминале дома.
Притоа да напоменеме дека гимназијата СОУ Маврово Ростуше целосно е реновирано во мај 2013 година
Текст: Ален Мегдиу – Модератор на Дубаи Портал











