Демант на дезинформациите изнесени и пласирани од страна на г-дин Зијадин Села на синоќешната емисија на ТВ Спектра.

0
230

Почитувани. Врз основа изнесените информации од страна на градоначалникот г-дин Зијадин Села, на вчерашната емисија емитувана на ТВ Спектра, и утврдување на нејзината неточност или заради негово недоволно познавање на одредени поими, користени се информации кои воопшто во себе ниту малку не содејствуваат со вистината, покрај тоа користејќи се со одредени невистини, исто така нападнати се личностите на одредени наши сограѓани кои заради типот на емисијата (снимен материјал) на граѓаните и сите оние кои сакаа да учествуваат во неа, преку прашања и друг начин, им беше ускратена можноста од нивно учество, како и да се избегне можноста од ширење на дезинформации, и можноста лицата на кои се однесуваа одредени информации да се бранат односно докажат спротивноста или претходно да учествваат во не.

Затоа што многу е лесно и едноставно  некој јавно да се обвинува за некоја работа или нешто слично, доколку и тој не е присутен на самото место, и се разбира брани вистината, а од дрга страна се дава голем простор за дезинформирање и искривување на вистината и самата реалност.

Заради тоа, уште еднаш сакаме да Ви укажеме на сите неправилности и дезинформации кои им се пласираат на нашите сограѓани и на тој начин се стекнува погрешна слика, за одреден наста, појава, или пак одредена личност.

Ве повикуваме вечерва 30.12.2013 год 20.30 часот

на програмата ТВ Спектра  ,

Да го проследите нашето излагање каде што преку факти-докази ќе Ви ја представиве вистина, која за жал синоќа од страна на г-динот градоначалник Зијадин Села за повеќето работи кои се однесуваа за населба Подгорци, и одредени личности,  беше неточно презентирана односно беа пласирани дезинформации како и напади кон одредени личности кои заради типот на емисијата која ја одбрал  (претходно снимена па емитувана) на таквите личности им беше скратена можноста да си го бранат својот углед и вистината, како и институциите кои беа споменети, a г-динот Села да го искористи таквиот начин и сокрие вистината, односно пласираат дезинформации (невистини).

Месна Самоуправа – Подгорци

dubai-portal.com.mk

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here